Мал, но практичен: Еднособен стан за млада жена
- Детали
- сабота, 25 март 2017
Како да уредите еднособен стан кој ќе биде пријатен, едноставен, модерен и практичен? Дознајте како изгледа добитната формула во продолжение.
Ви претставуваме ентериер со површина од 37 метри квадратни, зад чие уредување се потпишува дизајнерката Anna Shvets, а е наменет за млада жена. Клиентката сакала модерен и воздушест дом со доволно простор за складирање, мало катче за работење и удобна спална соба.
Нималку едноставната задача, дизајнерката ја завршила маестрално. Просторот е максимално искористен, со вградени плакари, полици и фиоки, задоволувајќи ги притоа сите потреби на станарката, а истите се речиси невидливи во амбиентот.
Спалната соба е подигната на малку повисоко ниво и издвоена со дрвена преграда, со што физички се одделени зоната за одмор и релаксација од дневниот престој, но на мошне суптилен начин. И под креветот се поставени фиоки како складиште за поситните нешта.
За комфорот во домот, пак, изборот на белата боја и светлото дрво се полн погодок, придонесувајќи за лежерна атмосфера во ентериерот, кој изгледа навистина преубаво.
Погледнете ги фотографиите во продолжение и инспирирајте се од интересните детали кои ги нуди неговиот дизајн:
М. А. | Црнобело