Младешки стан со пастелни детали

Ви претставуваме модерен ентериер  уреден без грешка, со добитна комбинација на бои за ведар дом.

mladeshki-stan-so-pastelni-detali-1.jpg

Не постои подобар начин да го разведрите и разубавите ентериерот каде владеат монохромијата и различните нијанси на сиво, од воведувањето дрвени површини и детали во пастелни бои.

Во овој стан, за таа намена е одбрана палетата нежни зелени тонови, во распон од боја на ф'стаци, па се до поeкспресивната нијанса на мента, кои се навистина добредојдено освежување.

Кујната, трпезаријата и дневниот престој сочинуваат една пространа целина, а визуелно се одвоени со помош на различните бои на ѕидовите и материјалите со кои се прекриени подовите.

Од друга страна, спалната соба отскокнува од остатокот на домот, бидејќи во неа преовладува црниот мебел, а вниманието го привлекува големиот ѕид со црвени цигли, што создава многу потопла атмосфера отколку во дневната зона.  

И бањата има неколку интересни решенија - од дрвените даски со кои е обложена една половина од ѕидот, до неговата друга половина која е изведена со сјајни сиви плочки. Дизајнот на подот е со геометриски дезен.

Погледнете како изгледа секое катче и инспирирајте се:

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На гости кај Марија: Семејна куќа во Скопје од 120m2 со софа од бафало кожа и маси од орев (фото) „Масите и комодата се од орев и се совршено обработени. Софата е од бафало кожа,...
Во домот на Вероника: Стан од 71m2 во Карпош, со златни детали, 3 библиотеки и многу уметнички дела „Низ целиот простор осветлувањето е во златна боја, а најголемо внимание привлек...
Во домот на Невена и Тодор: Стан во „Ѓорче Петров“ со златни детали, уреден со идеи од Pinterest „Идејата за уредувањето на нашиот стан е заедничка, моја и на сопругот. Сак...
Во домот на Маријана во Штип: Куќа во барок стил, со златни елементи и многу новогодишни украси „Дневната соба ја уредивме во уникатен стил, комбинирајќи елементи на природата ...
Во домот на Катерина: Стан во Аеродром од 48m2, со кујна во пастелна минт боја и многу цвеќиња „Кога го купував станот, еден од одлучувачките фактори беше самиот распоред на с...
На гости кај Ивана Нуне: Куќа во Скопје со доминација на црно и двор од 100m2 „Досега живеевме во стан, но желбата куќа со двор и место за релаксација, каде ш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg