Живот со стил во една соба? Можно е!
- Детали
- четврток, 09 март 2017
Ви претставуваме како изгледа домот на една млада дама, кој и покрај скромната квадратура, комплетно го одразува нејзиниот карактер и начин на живот.
Ништо не е невозможно, па дури ни тоа целокупниот животен стил да го „спакувате“ во само една соба. За таа цел, не ви е потребно магично стапче, туку мудар план и организација, јасно поставени приоритети и секако – многу креативност и имагинација.
Шик домот на младата Дрија, која работи како советничка за односи со јавност во модната индустрија, претставува одличен пример за тоа како може максимално да го искористите просторот, а притоа да бидете „свои на своето“ и чувствувате пријатно во само една просторија.
Нејзиниот стан се наоѓа во Њујорк, а е со вкупна површина од скромни 39 метри квадратни. Ентериерот е женствен и младешки, но и потполно прилагоден на нејзините интереси и страста кон модата. Од особена важност ѝ било гардероберот да е постојано среден, а сите модни додатоци – добро организирани и на место. Така е и уреден нејзиниот дом.
Во просторот преовладува белата боја, што е добитна формула за простори со мала квадратура, бидејќи визуелно ги проширува и оддава впечаток дека се многу поголеми. Гардероберот е изработен по мерка и ја користи полната висина на ѕидовите, а секое слободно катче е искористено како дополнителна површина за складирање на нејзините чевли и аксесоари.
Пресладок и уреден со многу вкус, животниот амбиент на Дрија е уште една потврда дека кога е стилот во прашање, не смеете да правите компромиси.
Погледнете ги фотографиите и пронајдете ја омилената инспирација:
М. А. | Црнобело