Во најлуксузниот хотелски апартман во светот (фото)
- Детали
- недела, 19 февруари 2017
На најгорниот кат на луксузниот хотел Excelsior Gallia во срцето на Милано, сместен е апартманот кој беше прогласен за најубав за 2016-та.
Со нешто повеќе од 1.000 метри квадратки, Katara Suite е воедно и најголемиот хотелски апартман во Италија.
Доволно е голем за да смести 8 лица и располага со дневна соба, 4 спални соби и две приватни тераси со панорамски поглед на Милано.
Луксузниот простор е внимателно декориран и уреден, за да го отсликува италијанскиот префинет начин на живот.
Најголема атракција е приватниот СПА простор со огромно џакузи.
За гостите е обезбеден посебен приватен влез, стаклата се отпорни на куршуми, но за сето тоа важно е да имаат минимум 20.000 евра од ден.
М. Д. | Црнобело