Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


15-те најубави театри во светот кои ќе ве внесат во светот на уметноста

За некои вечерта помината во театар и уживањето во некоја оперска претстава или балет претставува збогатување на душата, а за некои пак, театарот претставува некакво архитектонско „чудо“ кое вреди да се посети.

15te-najubavi-teatri-koi-so-sigurnost-kje-ve-voodushevat-01.jpg

Без разлика на тоа во која категорија спаѓате, веројатно ќе посакате да посетите некој од овие театри и да уживате или во глетката или во мелодијата која одѕвонува во нив.

1. „Teatro la Fenice“, Италија

Овој театар има богата историја. Во него биле слушнати светските премиери на познати композитори како: Верди, Стравински, Росини и Белини, откако бил отворен за првпат во 1792-та година.

15te-najubavi-teatri-koi-so-sigurnost-kje-ve-voodushevat-1.jpg


2. „Seebühne“, Австрија

„Seebühne“ значи морска сцена на германски, наслов кој е соодветен на тоа каде се наоѓа театарот. Фестивалот Бергенц за првпат почнал да има свои настапи во 1946-та година, а театарот и изграден неколку години подоцна, во 1950-та година.

15te-najubavi-teatri-koi-so-sigurnost-kje-ve-voodushevat-2.jpg


3. „The Winter Garden Theatre“, Канада

Ѕидовите се рачно цртани и боени, а наликуваат на градина. За да се долови самата сцена уште повеќе. Од самиот кров на театарот висат вистински овошки.

15te-najubavi-teatri-koi-so-sigurnost-kje-ve-voodushevat-3.jpg


4. „Palau de la Musica Catalana“, Шпанија

Ако имате некогаш можност да влезете во овој театар ќе се воодушевите од фактот што има обоено и цртано стакло, мозаици и мермерни скулптури на секој чекор. Овој театар се смета за врв на каталанската art nouveau архитектура.

15te-najubavi-teatri-koi-so-sigurnost-kje-ve-voodushevat-4.jpg


5. „Palais Garnier“, Франција

Овој театар бил инспирација за Гастон Леро да го напише неговото најпознато дело „Фантомот од операта“.

15te-najubavi-teatri-koi-so-sigurnost-kje-ve-voodushevat-5.jpg


6. „Minack Theatre“, Англија

Ќе имате можност да се почувствувате како да сте се вратиле во некое античко време кога владееле боговите меѓу луѓето.

15te-najubavi-teatri-koi-so-sigurnost-kje-ve-voodushevat-6.jpg


7. „Hessisches Staatstheater Wiesbaden“, Германија

Ако не сте љубител на операта, тогаш со сигурност ќе се воодушевите од неверојатните фрески кои можете да ги сретнете без разлика на тоа каде ќе го насочите вашиот поглед.

15te-najubavi-teatri-koi-so-sigurnost-kje-ve-voodushevat-7.jpg

Уште 8 театри на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Локал во Скопје ни носи ретро нота - стар плакар со огледало, стомната на баба (фото) Во овој локал ќе видите плакар со огледало, каков што најверојатно сте имале во ...
На гости кај Верче: Велигденски украсен дом во Скопје - јајца направени со декупаж техника, уникатни... „Овој празник ми дава можност да бидам креативна, да споделам убавина со моите н...
Најубавиот ресторан над Которскиот Залив – се стига со жичница, има неверојатен поглед На планината Ловќен над Котор, се наоѓа најубавиот ресторан со магичен поглед ко...
На гости во редакцијата на CRNOBELO.com: Имаме ѕид на среќата, ведри бои и тука ни е „втор дом“ Нè радува нашиот ѕид на среќата (кој ни го нацрта со шарени креди најмалата и на...
Кафулето „Гардош“ во Белград е како сцена од најубава новогодишна бајка (фото) Mногу црвени лампиони, зелени елки и сијалички на сите страни и ја имаме најубав...
На гости кај Мартин и Маринела: Семејна куќа во Ново Село со празнично украсенa терасa (фото) „Во дневната соба фокусот е на декоративниот панел, а терасата секоја година ни ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg