Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Палата на небо: Луксузен апартман сместен во срцето на Њујорк

Апартманот се наоѓа во кулата Вокер која е една од најпознатите и најзначајните кули во населбата Челзи, Њујорк.

palata-na-nebo-luksuzen-apartman-smesten-vo-srceto-na-njujork-01.jpg

Ова е еден од прекрасните апартмани кои можат да се пронајдат на продажба на најголемата брокерска компанија Sotheby која е специјализирана за продажба на ликовна и декоративна уметност, недвижности и други луксузни предмети за страствените колекционери.

Самата зграда датира од 1929-тата година со фасада од цигли и инспирирана е од aрт деко движењето од тој период.

Името го добива од личноста која го потпишува договорот за нејзиното градење и проектирање, Ралф Томас Вокер кој меѓу другото претставува и еден од славните архитекти на векот.

Вокер кулата се издига високо над останатите згради во нејзината околина и има фантастичен и заштитен поглед на Менхетен од цели 360 степени. Зградата ја красат високи тавани и големи прозорци.

Денес содржи 47 луксузни резиденции кои ги задржуваат оригиналните детали од дизајнот на зградата кој датира од 29-тата година, но вклучува и модерни удобности, елегантен и софистициран начин на живеење.

Така е случајот и со овој апартман во кој можете да забележите дабов паркет поставен по француски принципи, автоматизација и контрола на аудио и видео опремата, сончеви покриви, пет прекрасни мермерни бањи, пет спални соби и секако прекрасен поглед кон центарот на самиот град.

Среќните сопственици имаат на располагање дневна библиотека, игротека, бар, јога соба, површина за сончање и сауна.

Би можело да ве интересира:

Најубавиот ресторан над Которскиот Залив – се стига со жичница, има неверојатен поглед На планината Ловќен над Котор, се наоѓа најубавиот ресторан со магичен поглед ко...
Не е Лапонија, Скопје е – Иглу сместување среде дивина со поглед на Езерото Козјак (фото) Спална со кревет под ѕвездите, прво утринско кафе среде дивина, па дури и тушира...
Боинг 737 претворен во луксузна вила со прекрасен поглед - би се сместиле ли тука? На врвот на карпата во близина на плажа во Бали се наоѓа авион. И не, не е таков...
Ново кафуле во Старата скопска чаршија со розови прозорци и шарени пијалаци (фото) Ако сакате слатки работи, тогаш новото шарено кафуле во чаршија со уште пошарени...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg