Најчудниот хотел во светот: Бањајте се со мечка, вечерајте со лавови

Австралиската туристичка атракција Jamala Wildlife Lodge е хотел и зоолошка градина која им овозможува на гостите да ги запознаат дивите животни на поинаков начин.

najcudniot-hotel-vo-svetot-banjajte-se-so-mecka-vecerajte-so-lavovi-01.jpg

Отворен е само една недела, а веќе е место за кое се интересираат оние со подлабок џеб.

Сопственикот Ричард Тиндејл вели дека идејата му е да го поттикне решавањето на проблемот со многубројните животни кои се во фаза на изумирање.

Објектот располага со 18 соби кои имаат капацитет за максимум 10 лица. Дел од нив се сместени помеѓу живеалиштето на мајмуните, додека други соби се поставени во висина на дрвата од кои се хранат жирафите.

Во главната просторија се наоѓаат лавовите, а во соседната куќичка може да се погледне огромен аквариум во кој пливаат ајкули.

Сместувањето во овој прекрасен див хотел чини околу 400 долари од вечер, а во цената се вклучени и прошетки и хранење на животните.

Би можело да ве интересира:

Во домот на битолчанецот Сашо на Флорида: Куќа со базен, 5 спални соби и околу 400 растенија „Ова е голема куќа со 5 спални соби, гаража за 3 возила, посебна просторија за д...
Џенифер Гарнер го покажа домот каде што Бен Афлек „се криеше“ пред разводот со Лопез - оаза од 8 мил... Гарнер ја изгради куќата во Лос Анџелес по разводот со Афлек пред 6 години - ток...
На гости кај Ивана во Скопје: Стан од 76m2 реновиран од корен, со розови детали и тераса како градин... „Омилен детаљ ми се фотографиите од Михаил Корубин кои со нивниот колорит даваат...
Предлог места во Македонија за продолжен викенд (каде може и да преспиете) Продолжените викенди се посебен тип на уживање, зарем не? Особено ако ги минеме ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg