Одмор во најскапата зимска колиба во светот (фото)

Алпите се исполнети со луксузни зимски колиби кои се одликуваат со речиси бајковит стил, а најубава меѓу нив е токму Chalet Le Petit Chateau.

odmor-vo-najskapata-zimska-koliba-vo-svetot-foto-01.jpg

Оваа „колиба“ всушност е хотел од 5 ѕвезди, достапен само за најбогатите.

Хотелот е изграден во 2010 година, има 7 спални соби и може да се сместат вкупно 14 лица.

Ентериерот е топол, рустикален и со мали примеси на модерното уредување, додека дополнителните луксузни погодности како масажи, базен, теретана и кино совршено се надополнуваат во целата приказна.

Од терасите на хотелот се гледа најпопуларната скијачка патека на француските Алпи.

Ако сакате да го закупите овој неверојатен простор ќе треба да издвоите 75.000 илјади евра за 1 месец.

Дури и да го имате овој износ на вашата сметка, сигурно ќе треба да почекате неколку месеци за резервација.

Ако отсекогаш фантазиравте за тоа како е да поминете барем 24 часа во ваков луксуз и да се исклучите од стресното секојдневие, ве водиме на кратка турнеја:

Би можело да ве интересира:

На гости кај Иџе: Стан во „Аеродром“ со големи прозорци, поглед на Вардар и тиркизни детали „Станот го уредував јас пред неколку години, кога се вратив од трка по крајот на...
Во домот на Маријана во Штип: Куќа во барок стил, со златни елементи и многу новогодишни украси „Дневната соба ја уредивме во уникатен стил, комбинирајќи елементи на природата ...
На гости кај Пале: Стан од 116m2 во Струмица во класичен стил со драпери, мебел од цреша и раскошни... „Цели 28 години живеевме во куќата на мојот сопруг, заедно со нашите две деца. Н...
На гости кај Ивана Нуне: Куќа во Скопје со доминација на црно и двор од 100m2 „Досега живеевме во стан, но желбата куќа со двор и место за релаксација, каде ш...
Локали низ Македонија кои се украсени како во есенска бајка – кочија со суви лисја, фиќо со тикви Во некои од локалите владее пријатен, есенски амбиент со многу тикви и суви лисј...
На гости кај семејството Папакоч во Љубаништа: Куќа од 100m2 со базен, мебел од бамбус и многу розов... „Во минатото, ова ни беше летна резиденција, а сега е постојан дом на моите роди...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg