Животот може да биде прекрасен и во 29 метри квадратни
- Детали
- недела, 31 август 2014
Овој светол и прозрачен минијатурен стан со отворен план е дизајнерски успех кој се протега на само 29 метри квадратни.
Иако самиот стан е неверојатно малечок и животот во него не можете ни да си го замислите, палетата на свежи бои и добро одбрани парчиња мебел го прават неверојатно модерно место за живеење.
Со свежи, примамливи бои, паметно искористен простор и удобен мебел, нема човек кој не би сакал да се врати токму тука по напорниот ден.
Сопствениците на овој стан имаат минијатурна колекција на книги кои совршено се вклопуваат, додека сите кабли во куќата се скриени многу вешто.
Лажните ѕидови и масата која е продолжение на кујнските елементи се само дел од триковите кои го зголемуваат овој навидум минијатурен животен простор, а белата боја додава огромна свежина.