Ретро џез кафуле кое ќе ве врати во минатото
- Детали
- понеделник, 17 февруари 2014
Уметност и креативност е кога знаете и од нешто старо да направите нешто сосем ново. Кога на заборавените места ќе им дадете нов лик со стари предмети. Таква идеја имал и најкреативниот загрепски угостител, Ренато Хуљев.
Барот Мелин бил одамна запоставен и уништен, но со помош на интересни ретро детали како стари телевизори, свеќници, ламби, грамафонски плочи добил автентичен ретро изглед од 50-тите години на минатиот век.
Особено интересен е шанкот на кој се залепени пресирани неупотребливи труби, а старите телевизори се искористени како маси или витрини за шишиња со алкохол.
Звукот на грамафонските плочи може да направи навистина да се чувствувате како во друго минато време.
Најзастапена е џез музиката која во комбинација со целиот ретро ентериер ви дозволува да избегате од модерното секојдневие и да помислите дека времето застанало само за вас.
Место кое вреди да го посетите: