10 светски хотели чие отворање нетрпеливо се очекува
- Детали
- вторник, 28 јануари 2014
Хотелскиот свет непрестанато се менува и нуди нешто ново за сите незаситени патници, па токму затоа овој пат ви претставуваме 10 најнови хотели кои ќе се најдат на европската и американска понуда.
Без сомневање ќе ги задоволат врвните побарувања...
Cromlix House Hotel, Шкотска
Хотелот кој ќе се отвори во малото шкотско гратче Стирлинг е проект на големата тениска ѕвезда Енди Мареј. Се наоѓа во вила од викторијанското доба, а неговото отворање е планирано за април оваа година.
До тогаш, во хотелот ќе бидат проектирани 14 луксузни апартмани, 2 големи соби за рецепција, бар, кујна и огромна трпезарија, сала за конференција и голема зимска градина.
Mondrian, Англија
Новиот хотел од групата Morgans хотели наскоро ќе отвори луксузна градба со поглед кон Темза. Ќе содржи 359 соби и апартмани со поглед кон реката, а гостите на располагање ќе имаат и прекрасен бар на самото крајбрежје.
Покрај тоа, на кровот од овој хотел проектиран е и спа центар за луксузно опуштање.
St. Regis, Турција
Во Истанбул оваа година се очекува отворање на познатиот хотел St. Regis кој ќе располага со 118 соби, а ќе се наоѓа во европскиот дел од градот.
Апартманите ќе ги уредуваат најпознатите имиња во светот на дизајнот и ентериерот, додека кулинарската понуда ќе биде побогата од било кога. Така, специјалитетите ќе се нудат во дворот на терасата или пак во барот на кровот.
Во склоп на хотелот ќе биде претставен и огромен трговски центар со најдобрите европски брендови.
The Peninsula, Франција
Уште едно изненадување од големата хотелска група не очекува оваа година во Париз.
Новиот Peninsula Paris ќе биде сместен на авенијата Kléber, а на своите гости ќе им понуди точно 200 соби, 5 ресторани и барови, помеѓу кои ќе се најде еден на врвот од зградата, со панорамски поглед кон Париз.
Shangri-La Hotel, Англија
Првиот Shangri-La хотел во Англија ќе се отвори во лондонскиот облакодер The Shard, така што сите соби ќе имаат извонреден поглед.
Во внатрешноста на собите ќе се открие најголемиот луксуз и раскош од Булгари производи, па сè до кристални декорации.
The Ritz, Франција
Во јули оваа година, откако поминаа 2 години реставрација, конечно овој лускузен хотел ќе ги отвори своите врати за оние со подлабок џеб.
Обновениот хотел сега ќе нуди 103 нови соби, 56 апартмани и освежен ентериер во стилот на француските палати од 17 век.
Park Hyatt, САД
Hyatt оваа година го планира отворањето на својот прв хотел во Њујорк. Новиот хотел сместен во внатрешноста на облакодерот од 90 ката кој на гостите ќе им понуди 210 соби.
Од нив 135 се уредени во современ, модерен стил со поглед кон иднината.
Marriott Marquis, САД
Новиот хотел од бизнис класата ќе се отвори во срцето на САД, а на своите гости ќе им понуди дури 1175 соби и 49 луксузни апартмани.
Хотелот располага со конференциски сали, отворени простории, 5 ресторани и огромен број на продавници кои се наоѓаат на првиот кат.
Four Seasons Resort, САД
Во август оваа година, Four Seasons ресортот ќе ги отвори вратите за сите кои сакаат семејно, луксузно уживање.
На располагање ќе имаат 444 соби, а хотелот ќе се наоѓа во центарот на забавниот парк на Волт Дизни.
Baccarat Hotel, САД
Својата 250 годишнина, Beccarat ланецот хотели одлучи да го прослави со отворање на хотел со 50 ката во Њујорк.
Во ентериерот ќе преовладуваат кристалните предмети, па сите 114 соби и 26 апартмани ќе бидат украсени со раскошни лустери, големи огледала и уште неколку предмети дизајнирани исклучиво за овој хотел.