Кутија – куќа: Никогаш не би рекле дека ова е нечиј дом (фото)

Како што кажува и самото име, „куќа на раб“ е проект кој оваа година го доврши архитектонското студио MacKay – Lyons Sweetapple. Лежи на самиот раб на карпестиот брег во Канада.

kutija-kukja-nikogas-ne-bi-rekle-deka-ova-e-necij-dom-01

Опишана како едноставна и мирна резиденција, оваа навидум кутија, а сепак куќа, изградена е како викендица за едно многу зафатено семејство кое живее на релација Калифорнија – Нова Скотиа.

Неверојатно едноставна куќа, која од одреден агол изгледа како кутија што плови над Атлантскиот Океан, всушност е функционална двокатница направена од челик и дрва. Служи како идеално прибежиште од брзиот и активен американски живот.

Според објаснувањето на архитектите, не биле потребни многу финансии за нејзината изградба.

„Ова е скромна, достапна градба која е замислена како повторлив прототип. Голема челична конструкција на куќата ја држи над самиот раб од карпата. Истиот тој стил на конструкција се одразува и на внатрешниот ентериер. Резултатот е едноставен дом во облик на кутија, обложен со дрво“, објаснуваат архитектите.

Погледнете ја внатрешноста на оваа кутија – куќа низ фотографии

Би можело да ве интересира:

На гости кај Марија: Семејна куќа во Скопје од 120m2 со софа од бафало кожа и маси од орев (фото) „Масите и комодата се од орев и се совршено обработени. Софата е од бафало кожа,...
На гости кај Пале: Стан од 116m2 во Струмица во класичен стил со драпери, мебел од цреша и раскошни... „Цели 28 години живеевме во куќата на мојот сопруг, заедно со нашите две деца. Н...
На гости кај Ивана Нуне: Куќа во Скопје со доминација на црно и двор од 100m2 „Досега живеевме во стан, но желбата куќа со двор и место за релаксација, каде ш...
На гости кај Мартин и Маринела: Семејна куќа во Ново Село со празнично украсенa терасa (фото) „Во дневната соба фокусот е на декоративниот панел, а терасата секоја година ни ...
На гости кај семејството Папакоч во Љубаништа: Куќа од 100m2 со базен, мебел од бамбус и многу розов... „Во минатото, ова ни беше летна резиденција, а сега е постојан дом на моите роди...
На гости кај Мартина: Семејна куќа со кујна со стаклен фрижидер и ѕид со мурал во дворот (фото) „Како заштитен знак во семејната куќа ни е ѕидот што ја краси дневната соба. Нај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg