Во домот на Дијана во Германија: Стан од 75м2 уреден според Монтесори – со мини тоалет, сушара и едукативни играчки

„Важно ни беше синот Лео (2) да има свое ќоше во секоја соба од домот. Се потрудивме да му го овозможиме тоа ставајќи му мали предмети на располагање кои се слични на нашите, како што се: мини wc, лавабо, мини масички, сушара за алишта, мали предмети во кујната и мала библиотека, а заради среденост имаме минимален број на предмети и декорации“ - раскажува Дијана од Тетово за CRNOBELO.com.

vo-domot-na-dijana-vo-germanija-stan-od-75m2-ureden-spored-montesori-so-mini-kupatilo-mini-sushara-i-edukativni-igrachki-01.jpg

Дијана Галески од Тетово, веќе 5 години живее во Германија со нејзиниот сопруг, а таму се родил и нивниот син Лео, кој сега има 2 години. 

Тие го воспитуваат синот според Монтесори методата, а токму така е уреден и нивниот дом, кој се наоѓа во Лајпциг. 

vo-domot-na-dijana-vo-germanija-stan-od-75m2-ureden-spored-montesori-so-mini-kupatilo-mini-sushara-i-edukativni-igrachki-0.jpg

Станот од 75m2 е уреден внимателно, така што бил безбедна средина за нивниот син од најмала возраст, со што не биле принудени да му ја ограничуваат слободата на движење. 

Освен тоа, неговата соба е уредена минималистички, со потребните едукативни играчки и парчиња облека, кои се лесно достапни за него и организирани на интересен начин. 

Во домот имаат катче за синот во речиси секоја соба, па така тој помага во готвењето во кујна со помош на специјална скала, но и во бањата има свое мини купатило кое може да го користи сам. 

vo-domot-na-dijana-vo-germanija-stan-od-75m2-ureden-spored-montesori-so-mini-kupatilo-mini-sushara-i-edukativni-igrachki---.jpg

За уредувањето на домот, Дијана за CRNOBELO.com раскажува... 

„Во станот се преселивме кога Лео имаше 10 месеци и лазеше. Беше многу активен и како и секое дете сакаше да го истражи секое ќоше од станот.

За да си го олесниме животот решивме да го направиме станот безбеден за него и наместо да ја огранчиме неговата слобода, се фокусиравме на ограничување на предметите во домот.

vo-domot-na-dijana-vo-germanija-stan-od-75m2-ureden-spored-montesori-so-mini-kupatilo-mini-sushara-i-edukativni-igrachki-14.jpg

Исто така од голема важност ни беше Лео да има свое ќоше во секоја соба од домот. Се потрудивме да му го овозможиме тоа ставајќи му мали предмети на располагање кои се слични на нашите, како што се: мини wc, лавабо, мини масички, сушара за алишта, мали предмети во кујната и мала библиотека.

vo-domot-na-dijana-vo-germanija-stan-od-75m2-ureden-spored-montesori-so-mini-kupatilo-mini-sushara-i-edukativni-igrachki-07.jpg

vo-domot-na-dijana-vo-germanija-stan-od-75m2-ureden-spored-montesori-so-mini-kupatilo-mini-sushara-i-edukativni-igrachki-06.jpg

Интересно за мини купатилото е што не е така купено, туку е правено од предмети кои може секој да ги најде и искористи за оваа намена.

Шкафчето го направивме ние, садот е за салати, но ние го пренаменивме за лавабо, така што му направивме дупки.

Долу има кофа за да тече водата, а наместо теглата која служи како чешма, може да се користи и пластично шише со таков механизам за поголема безбедност. И јас би го сменила.

vo-domot-na-dijana-vo-germanija-stan-od-75m2-ureden-spored-montesori-so-mini-kupatilo-mini-sushara-i-edukativni-igrachki-09.jpg

Од една страна, сакав Лео да се чувствува добредојден во домот, но од друга страна многу ми пречеа расфрлани играчки во дневната соба. Тоа беше и една од причините зошто се одлучивме дома да ја практикуваме Монтесори методата на д-р Марија Монтесори.

Практичност од една страна и удобност од друга. Тоа беа главните карактеристики кои ни беа важни при опремување на станот.

vo-domot-na-dijana-vo-germanija-stan-od-75m2-ureden-spored-montesori-so-mini-kupatilo-mini-sushara-i-edukativni-igrachki-13.jpg

Бидејќи се работи за стан од 75м2 се потрудивме максимално да го искористиме секој дел, а притоа секој дел да го поделиме на два дела: место за нас и место за Лео.

vo-domot-na-dijana-vo-germanija-stan-od-75m2-ureden-spored-montesori-so-mini-kupatilo-mini-sushara-i-edukativni-igrachki-19.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Во домот на Вероника: Стан од 71m2 во Карпош, со златни детали, 3 библиотеки и многу уметнички дела „Низ целиот простор осветлувањето е во златна боја, а најголемо внимание привлек...
Во домот на Катерина: Стан во Аеродром од 48m2, со кујна во пастелна минт боја и многу цвеќиња „Кога го купував станот, еден од одлучувачките фактори беше самиот распоред на с...
На гости кај Марија: Семејна куќа во Скопје од 120m2 со софа од бафало кожа и маси од орев (фото) „Масите и комодата се од орев и се совршено обработени. Софата е од бафало кожа,...
Во домот на Марија и Сашо во Кавадарци: Стан од 75m2, со многу саксиски цвеќиња, кој од корен го пре... „Неисполнетата желба за прозорци без завеси и поглед од високо, ја компензираме ...
Во домот на Маријана во Штип: Куќа во барок стил, со златни елементи и многу новогодишни украси „Дневната соба ја уредивме во уникатен стил, комбинирајќи елементи на природата ...
Во домот на Ангела во Скопје: Светли бои и винтиџ бебешко креветче кое го користел и нејзиниот сопру... „Детската соба за ќерката ја уредувавме сами, во време на короната - еден д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg