Во домот на Тео од Скопје: Шик уреден стан во кој се спојуваат бохо и скандинавскиот стил со најновата паметна технологија
Бањата е простор кој дава чувство дека сте во спа.
Опремена е со туш, комбинирана машина за перење и сушење, тоалет, мијалник и големо тркалезно огледало.
Дрвените украси и полици потсетуваат на скандинавските бањи, а свеќите и украсните светилки прават волшебен амбиент за време на долгото туширање.
Кујната е мала и практична, содржи интегрирани апарати за поминимален изглед, кујнски остров со италијански дизајнерски столчиња за бар направени од плута, и дизајн кој наликува на шише од шампањско.
Дрвената плотна одлично одговара со белата основа на елементите во кујната, има декоративни полици на кои се прикачени цвеќиња и книги за рецепти, но и декоративни кутии за складирање храна.
На терасата е создадена пријатна оаза на отворено, со мала масичка, две големи столчиња украсени со меки бушави перници, скала со сијалички и многу цвеќиња на неа, големо дрво, декоративна фонтана која ве разладува во топлите летни ноќи и голема плетена корпа за складирање алатки за цвеќиња и прибор за чистење.
Станот е доказ за острото и искусно 'око за дизајн', комбинирајќи ја скандинавската едноставност со бохо топлината и беспрекорно интегрирајќи ја паметната технологија за модерен, лесен и хармоничен простор за живеење.
Затоа, мој совет е: Вложувајте во вашиот простор колку можете, не само финансиски, туку и временски, и со вашата креативност и умешност направете простор во кој ќе се чувствувате најдобро, простор кој ќе го наречете ‘дома’“.