Празничниот дом на Боро во Скопје воодушевува: „На елката доминира стаклен украс од Шведска“
За омилениот новогодишен украс:
„Повеќето украси имаат своја приказна. Ние често патуваме, а од секое патување купуваме и украси.
Омилен ми е лампион од стакло кој е купен пред 15 години во Шведска и има посебно место на елката.
Го сакам бидејќи ми навраќа убави спомени од Скандинавија и се трудам колку што можам да го сочувам“.
Совет за празнично украсување:
„Како што напомнав, секоја година се менува трендот на украсување. Оваа година во домовите доминираат и до две елки, комплет металик елки, големи украси. Овие трендови ги претставија светските декоратери.
Кога станува збор што е аут, може да се каже дека најголема грешка е кога се мешаат многу стилови кои не одговараат еден со друг.
Секако, треба многу да се внимава и на боите и материјалите од кои се изработени украсите. Кога станува збор што би требало да се смени, дефинитивно тоа се боите што не се соодветни за овој период од годината“.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело