Кул локал во Скопје каде пиете вино и цртате, под надзор на уметник, е вистинско доживување (фото)
На многу од нас очигледно ни е потребно време, да не е пред телефон или компјутер, а да биде оттргнуање од мислите и сите обврски кои ги имаме во текот на еден ден или период.
Работилницата работи на принцип на отворен термин со закажување на резервации на база „прв дојден, прв услужен“.
Немаме минимален број за колку лица може да биде една резервација, со тоа што досега сме имале резервации само за еден, односно не мора да имате друштво за да нѐ посетите, само волја за поминато квалитетно време со самите себе и можност да запознаете нови луѓе.
Една работилница трае два часа. Она што ќе се слика е однапред дефинирано и целиот потребен материјал за сликање го добивате од нас, почнувајќи од четки, бои, платно, штафелај и кецела.
Дополнително имате неограничена консумација на вино. Кога станува збор за виното, идеја ни беше да соработуваме со семејни винарии, со цел да ги поддржиме и истите да ги промовираме.
Секоја работилница започнува со кратко интро и објаснување од уметникот (Дејвид) за она што ќе се црта и некои совети за самиот процес да биде полесен.
Понатаму со добра музика, квалитетно вино и позитивна, опуштена енергија двата часа минуваат пребрзо.
Сите секогаш ги охрабруваме за мислење, без разлика дали е позитивно или негативно, со цел да се подобриме и самото искуство да биде уште поуникатно.
Досега она што го имаме добивано како реакција е навистина позитивно. И покрај тоа што работиме само нешто повеќе од еден месец, дел од луѓето веќе нѐ имаат посетено по два, трипати, па сметаме дека ова е доволен показател дека сме на вистинската патека“.