Кул локал во Скопје каде пиете вино и цртате, под надзор на уметник, е вистинско доживување (фото)
- Детали
- сабота, 26 август 2023
„Тоа што ќе се слика во нашата работилница е однапред дефинирано и целиот потребен материјал за сликање го добивате од нас, почнувајќи од четки, бои, платно, штафелај и кецела. Дополнително имате неограничена консумација на вино“, откриваат за CRNOBELO.com Ивона и Филип, сопственици на еден нов и уникатен локал во Скопје.
„Paint&Wine“ е работилница која ги спојува уметноста и квалителното вино, а зад која стојат енузијастите Ивона и Филип, како и уметникот Дејвид. Првично е наменета за аматери, дури и за некој што никогаш не сликал на платно.
За CRNOBELO.com Ивона и Филип споделуваат:
„Нашиот тим брои три лица. Ивона Ефремова и Филип Симеонов од Кочани, после завршувањето на факултет останавме во Скопје и овде сме веќе веќе 7 години.
Двајцата имаме завршено на ФИНКИ и примарната професија ни е во областа на ИТ, така што немаме никаква допирна точка со уметноста. Затоа тука е Дејвид Стоилковски (26) кој има магистрирано на Факултетот за ликовни уметности во Скопје и е оној кој е задолжен за да помогне во Paint делот од Paint&Wine (@molerajj).
Paint&Wine е работилница која ги спојува уметноста и квалитетното вино. Првично е наменета за аматери, дури и за некој што никогаш не сликал на платно.
Со помош на уметник и вино (за дополнителна инспирација) ќе го насликате вашето прво ремек дело и ќе искусите нешто поразлично за прв пат.
Идејата ја добивме од едно патување во Италија каде што сакавме да пробаме нешто поразлично од паста и пица, па сосема случајно наидовме на Paint&Wine работлиница и решивме да се пријавиме.
Отидовме со отворен ум и никакви очекувања, дека од средно немавме фатено четки и бои. Она што го искусивме тие два часа беше навистина една посебна позитивна енергија, каде што кај секој на површина излегува креативноста која сите сме ја имале како деца, а ја имаме запоставено со текот на годините.
По ова сфативме дека дефинитивно такво нешто фали и кај нас. Тргнавме од самите себе и бевме сигурни дека како нас, има многу други на кои им недостига некогаш да можат да поминат квалитетно време со некој близок, а да не мора да е кафуле или ресторан.
Иако знаевме дека на дел од луѓето им фали катче за да можат да пробаат нешто ново, сепак не бевме свесни дека ќе има заинтересираност каква што има досега.