Во дворот на Маја Кикириткова: „Имаме дебела сенка од стар орев и лулашка, а допрва ќе го уредуваме просторот од 200m2“

„Површината на дворот е 200m2, но сè уште е во фаза на уредување, само еден дел е среден. На целата површина во дворот имаме ситни каменчиња, обиколен е со дрвена кафеава ограда, а почнавме од нула со копање, рамнење на површината, средување обраснати делови...“, споделува модната дизајнерка Маја Кикириткова за CRNOBELO.com.

vo-dvorot-na-maja-kikiritkova-imame-debela-senka-od-star-orev-i-lulashka-a-doprva-kje-go-ureduvame-prostorot-od-200m2-01.jpg

Модната дизајнерка Маја Кикириткова Трајковски со сопругот Александар, синот Лазар и ќерката Ева живее во населбата Ѓорче Петров, во куќа од 280 метри квадратни, која има дворно место од 200 метри квадратни.

Нејзиниот дом е совршено уреден, а проектот кој неодамна го започна заедно со сопругот е уредувањето на дворот.

Засега, само еден дел од него е уреден, но и тој е доволен за релаксација и минување на голем дел од времето таму во топлите денови.

Маја за уредувањето на дворот за CRNOBELO.com споделува:

„Површината на дворот е 200m2, но сè уште е во фаза на уредување, само еден дел е среден.

vo-dvorot-na-maja-kikiritkova-imame-debela-senka-od-star-orev-i-lulashka-a-doprva-kje-go-ureduvame-prostorot-od-200m2-06.jpeg

На целата површина во дворот имаме ситни каменчиња, обиколен е со дрвена кафеава ограда, која одговара со целиот ентериер во куќата.

vo-dvorot-na-maja-kikiritkova-imame-debela-senka-od-star-orev-i-lulashka-a-doprva-kje-go-ureduvame-prostorot-od-200m2-04.jpeg

Почнавме од нула, копање, рамнење на површината, обраснати делови, за да дојдеме до празна површина од песок.

За сѐ ова е задолжен сопругот, а и соседите имаа голем удел.

vo-dvorot-na-maja-kikiritkova-imame-debela-senka-od-star-orev-i-lulashka-a-doprva-kje-go-ureduvame-prostorot-od-200m2-03.jpeg

Во средина има стар орев со природна дебела сенка, каде закачивме лулашка.

vo-dvorot-na-maja-kikiritkova-imame-debela-senka-od-star-orev-i-lulashka-a-doprva-kje-go-ureduvame-prostorot-od-200m2-08.jpeg

Купивме само мала помошна масичка и две столчиња, гарнитурата ни е стара од претходниот двор, но ќе се замени.

vo-dvorot-na-maja-kikiritkova-imame-debela-senka-od-star-orev-i-lulashka-a-doprva-kje-go-ureduvame-prostorot-od-200m2-02.jpeg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Во домот на Снежана: Куќа во Припор, уредена во кафеави тонови и двор со базен „Припор ни се допаѓа затоа што сме блиску до град, а сепак далеку од бучава и оп...
На гости кај Мартина: Семејна куќа со кујна со стаклен фрижидер и ѕид со мурал во дворот (фото) „Како заштитен знак во семејната куќа ни е ѕидот што ја краси дневната соба. Нај...
На гости кај Оливер Димитровски: Луксузна куќа во Бардовци во медитерански стил, со базен и многу ум... „Идејата потекнува од нашите патувања по медитеранските земји, од чиј стил се пр...
Дворче во скопско мами воздишки: Со базен од природен камен и елементи од пелети Базен од природен камен, летниковец, многу зеленило и цвеќиња... Ова дворче во с...
Дворче во демирхисарско е вистински рај за очи – Драган Петковски 10 години напорно работел за да го... Дворчето на Драган Петковски во демирхисарското село Прибилци мами воздишки со с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg