На гости кај Мартина: Семејна куќа во Виница со природен камен и двор со многу дрвја (фото)
- Детали
- сабота, 13 мај 2023
„Во куќата направивме многу промени, не само во дизајнот на ентериер, туку и сите столбови, ќошиња и инсталации се мудро скриени. Нешто што многу ми се допаѓа е природниот камен што се наоѓа кај комодата во дневната соба“, вели Мартина Насева (20) од Виница за CRNOBELO.com за домот во кој живее со родителите и братот.
Мартина Насева (20), студент на факултетот за архитектура и дизајн, живее во семејна куќа во Виница со нејзините родители и брат.
Во домот вели дека омилени ѝ се дневната соба и кујната, но го обожава и дворот со зеленило и многу дрвја.
За CRNOBELO.com таа споделува детали за уредувањето:
„Архитектурата ја сакам, исто како и модата, па проектот на куќата и нејзиното уредување го правев со помош на моите родители.
Живеам во куќа со моите родители и мојот брат во Виница. Се одлучивме во куќата да преовладуваат светли бои и топли тонови.
Сивата и белата боја лесно можат да се искомбинираат со други впечатливи тонови, па затоа ги одбравме нив.
Во куќата направивме многу промени, не само во дизајнот на ентериер, туку и сите столбови, ќошиња и инсталации се мудро скриени.
Нешто што многу ми се допадна е природниот камен што се наоѓа кај комодата во дневната соба.
Како и мермерот што се наоѓа на комодата и прозорците. Тоа ми е омилениот дел во куќата.