Николина Ангеловска градот го замени со село: „Со сопругот и синот живееме во кичевско село со 120 жители – рај е“
Секоја дејност во село бара и физичка работа, па така не мора да плаќате теретана.
Во село ноќта е прекрасна, посебно во лето, ммм небо со ѕвезди. Малата осветленост ќе ви го овозможи тоа, додека во град од преголемата осветленост немате можност да го почувствувате на тој начин.
Во село се живее поедноставно и послободно, па така не мора да внимавате дали сте дотерани или не, дали ќе најдете паркинг кога доаѓате дома, а исто така безбедноста е многу поголема, така што слободата на децата тука е поголема, каде и да замине ќе го најдете.“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело