Бели дамки на лисјата и уште 7 промени на растенијата кои не треба да ги игнорирате

Белите точки на лисјата

Белите точки најчесто се предизвикани од габи.

Во овој случај најдобро пресечете ги листовите кои се најмногу заразени.

Во продавница за растенија можете да побарате и средство за отстранување на габите, а можете да направите и сами.

Измешајте една лажица сода бикарбона, една лажица масло и една лажица средство за миење садови, во три литри вода. Ставете ја смесата во шише со распрскувач и еднаш дневно нанесувајте ја на растението.

Препорачливо е прво да ја нанесете смесата на само еден лист за да видите како ќе реагира растението. Ако нема несакани ефекти, следниот ден испрскајте го цело.

beli-damki-na-lisjata-i-ushte-6-promeni-vo-rastenijata-koi-ne-treba-da-gi-ignorirate-06.jpg

Кафени дамки на лисјата

И кафените дамки некогаш настануваат поради габи, но можат да настанат и поради премногу вода.

Прво пробајте да му ставате помалку вода на растението. Ако се појавуваат нови дамки, употребете средство против габи.

beli-damki-na-lisjata-i-ushte-6-promeni-vo-rastenijata-koi-ne-treba-da-gi-ignorirate-07.jpg

Бели линии на листовите

Овие бели линии се направени од мали ларви кои го јадат листот.

За да го спречите ширењето на други лисја, најдобро пресечете ги лисјата со бели линии.

beli-damki-na-lisjata-i-ushte-6-promeni-vo-rastenijata-koi-ne-treba-da-gi-ignorirate-08.jpg

Исушено стебло

Штом стеблото ќе се исуши, најверојатно растението е мртво поради недоволна грижа. Но, некогаш можете и да го спасите.

Прво потсекувајте го сувото стебло – ако забележите дека во средината е зелено, престанете со сечење. Ова значи дека растението уште не е целосно мртво и со малку труд можете да го вратите во нормала.

Ако стеблото е целосно суво, проверете ги корените – ако се во ред, исечете го стеблото речиси до крај и со текот на времето растението ќе порасне (но само ако се грижите за него).

beli-damki-na-lisjata-i-ushte-6-promeni-vo-rastenijata-koi-ne-treba-da-gi-ignorirate09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што да направите за розите во вашиот двор да изгледаат како од списание? Наскоро ќе започнат да цветаат па доколку сакате да се гордеете со ваш...
Семејна куќа во Дојран е како сцена од есенска бајка - двор украсен со тикви, сено и пченка (фото) „Неколку тикви, сено, пченка, суви лисја и хризантеми во портокалова и жолта бој...
Совети за одгледување шефлера – цвеќе кое расте брзо и е погодно за почетници Доколку немате премногу време да им посветите на собните цвеќиња, а сакате нешто...
Совети за одгледување импатија - цвеќе кое е совршено за балкон со малку сонце За да израснете здраво растение кое ќе ви цвета редовно, изберете место што доби...
Како да ја исчистите фонтаната во вашиот двор и да ги отстраните алгите? Алгите се најлошиот кошмар на фонтаната во вашата градина. Ако имате п...
Среќен бамбус – Како да се грижите за него и зошто е добро да го имате во домот? Таканаречениот среќен бамбус може да вирее во секој дел од домот, но, според Фен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg