Совршеното дворче на Марјана од Велес: „Палмата ми расцвета првпат, 10 години откако ја засадив на земја“ (фото)
„За првпат оваа година ми расцвета палмата, после 10 години откако е засадена на земја“, сподели Марина од Велес, која има совршено уреден двор.
Марјана од Велес очигледно е вљубеничка во природата и естетиката, па токму затоа нејзиниот двор изгледа совршено, особено напролет.
Деновиве во Фејсбук групата „Дворчето“ таа ја сподели убавата вест дека за првпат годинава ѝ расцветала палмата, 10 години откако е засадена во земјата во дворот.
-->
-->
Покрај прекрасната палма, Марјана има и фонтана, многу саксии со цвеќе, украси и совршено обликувани зеленики.
-->
Доживејте ја атмосферата во ова одлично уредено дворче во Велес:
-->
С. С. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Семејна куќа во Дојран е како сцена од есенска бајка - двор украсен со тикви, сено и пченка (фото)
„Неколку тикви, сено, пченка, суви лисја и хризантеми во портокалова и жолта бој...

Дворче во Стојаково со многу природно зеленило и поглед кон зајдисонце - вистински рај за очи
Сардели, љубичици, петунии, дрвца и многу природно зеленило ...