Домашни растенија што можат да бидат опасни за вашето милениче
Алое вера
Ако имате мачка или куче, најдобро не го чувајте ова растение.
Бегонија
Ако мачката или кучето изеде многу од ова растение, можат да се појават проблеми со бубрезите или повраќање.
Филодендрон
Ова е едно од најпопуларните домашни растенија, но може да предизвика иритација на устата и јазикот, повраќање и тешкотии при голтање кај милениците.
Хризантема
Овој цвет е отровен за мачките и кучињата и предизвикува дерматитис, повраќање и дијареја.
Домати
Ако кучето или мачката изеде од листовите на растението, можат да се појават слабост, намален апетит, проширени зеници и забавено чукање на срцето. Сепак, важно е да знаете дека плодот, односно доматите, не се опасни за милениците.
Каранфил
Каранфилот не е толку опасен и ако миленичето изеде од него, ќе почувствува само мали проблеми со стомакот.
Амарилис
Болките во стомакот, дијарејата и намалениот апетит се дел од проблемите што може да ги предизвика ова растение.
Спирова С. | Црнобело