Цвеќиња со најубав мирис за вашата градина
Овие цвеќиња ќе ви помогнат покрај боја, да додадете и неодоливи мириси во вашата градина.
Нема ништо поромантично и порелаксирачко од уживањето во прекрасните мириси во вашата градина.
Мирисите на одредени цвеќиња ќе ви останат како убав спомен во годините што доаѓаат и ќе ве навраќаат на среќни места и времиња.
Градината преполна убави мириси е едноставно, но огромно уживање, кое лесно можете да си го дозволите.
11 прекрасни цвеќиња со кои можете да го сторите тоа:
Јоргован
Јоргованот е типичен за нашето поднебје и го има насекаде во бели и виолетови нијанси. Интензивниот мирис на јоргованот во пролет на некој начин ни го навестува летото.
Тој е лесен за одржување, брзо расте, а има мирис што не се заборава.
Сиринга
Со своите прилично мали бели цветови и слаткиот мирис на портокал, ова цвеќе е вистински погодок за во вашата градина.
Тоа е тврда грмушка, која толерира сенка, но внимавајте, може да порасне навистина голема. Кога е расцветана, секој пат кога ќе ѝ се приближите ќе посакате да ја изедете.
Рододендрон
Како дрво или грмушка, на ова растение му е потребно малку место за да се развива. Цвета напролет и во рано лето, но некои видови цветаат дури и наесен.
Прекрасниот мирис ќе ве освои за миг и секогаш ќе ви враќа убави спомени.
Лаванда
Лавандата потсетува на сончевите полиња на југот од Франција. Ова цвеќе е достојно за во градината, а откако цветовите ќе прецветаат, можете да го поткастрите и да го внесете внатре.
Украсен грашок
Лесно за растење, во разни бои и со сладок мирис. Совршено за вашата градина.
Гарденија
Ова бело цвеќе во контраст со привлечното зеленило го прават омилено за одгледување во саксии, големи контејнери, а е погодно и за внатре во домовите. Гардениите имаат мирис кој нема да го заборавите и кој ќе ве потсетува на лето.