14 работи кои сите љубители на лалињата треба да ги знаат
Немаат карактеристичен опоен мирис, но лалињата речиси секогаш успеваат да ви предизвикаат насмевка на лицето.
Ако сте љубител на ова прекрасно цвеќе кое се шири низ полињата на Холандија, тогаш треба да знаете неколку работи:
1. Постојат над 150 врсти и преку 3.000 различни сорти.
2. Листовите на цветот се познати по тоа што се речиси совршено симетрични.
3. Поголемиот дел од лалињата на стеблото имаат само по еден цвет.
4. Лалињата припаѓаат на семејството Лилјани.
5. Цутат само 3 до 7 дена во текот на пролетта.
6. Можете да ги сретнете во речиси сите нијанси.
7. Различните бои имаат различно значење: црвеното симболизира искрена љубов, виолетовото верност и приврзаност.
8. Сте згрешиле на некого? Белото лале значи: „Извини“.
9. Лалињата потекнуваат од централна Азија, но нивната популарност доаѓа од Холандија.
10. Лалето некогаш било најскапиот свет. Во 17-от век чинело 10 пати повеќе од просечната заработувачка во Холандија.
11. Временскиот период кога цените на лалињата биле највисоки е познат како „Тулипоманија“ и траел од 1634-та до 1637-та година.
12. Холандија е најголемиот комерцијален производител на лалиња во светот и годишно извезува над 3 милијарди лалиња.
13. Најдобро време за садење е на есен, за да пуштат корен пред да стане премногу ладно.
14. Лалињата растат и се свиваат кон светлоста, дури и кога се во вазна.
Н. Г. | Црнобело