Како да го поттикнете цветањето на орхидеите?
Орхидеите се едни од најубавите собни билки кои можат да го исполнат секој простор со елеганција.
По правило, ја купуваме кога цвета, па по неколку месеци цветовите опаѓаат. Тогаш сите се прашуваат дали нешто прават погрешно.
Просечното цветање на орхидеите трае 3 месеци и обично тоа се случува два до три пати годишно.
Паузата помеѓу цветањата може да биде одложена и за неколку месеци.
Ако сте нетрпеливи, сепак може да го забрзате растот на цветови со помош на следниве совети:
1. Создадете температурна разлика. Ставете ја саксијата навечер на постудено место, до 15 степени.
2. Намалете ја количината на азот во дохраната.
3. Влажнете го воздухот околу билката.
4. Преместете ја саксијата на 4-5 дена на темно место. 3 недели подоцна орхидејата ќе пушти пупки. Овој начин е погоден само за веќе развиени и здрави билки.
5. Наместо ставање вода, се препорачува во саксијата да се стават неколку коцки мраз. Така ќе го поттикнете растот и цветањето.
Најважно е секојдневно да и овозможувате светлина. За време на цветањето залевајте ја двапати неделно, а за време на мирувањето - доволно е еднаш неделно.
М. Д. | Црнобело