Лаванда, ванила, јасмин - мириси за среќа, убавина и здравје

Посадете во вашиот двор или тераса лаванда, ванила, мента, јасмин и запознајте гинивните магични својства и дознајте како тие делуваат врз човечкиот организам.

lavanda-vanila-jasmin-mirisi-za-sreka-ubavina-i-zdravje-01.jpg

Добро познато е дека мирисите ги оживуваат спомените. Веројатно тоа сте го доживеале кога некаде сте налетале на мирис на јаболки и цимет кој ве потсетува на Божиќ кај вашите баба и дедо па сте се почувствувале како повтoрно да сте дете. Веројатно сте се увериле во моќта на мирисите и знаете дека имаат неверојатно влијание врз нашите емоции, ум и тело.

Докажано е дека некои мириси може да го освежат нашиот ум, да ни помогнат подобро и повеќе да помниме. Некои друг пак може да не натераат малку повеќе да запнеме на тренинг, и вежбите кои ги изведуваме да ни бидат помалку напорни. Некои ароми имаат моќ да не разбудат, некои да не смират, некои да создадат чувство на блискост а некои да ни пружат утеха. 

Посадете во вашиот двор, тераса лаванда, ванила, мента, јасмин и запознајте ги нивните магични својства и дознајте како тие делуваат врз човечкиот организам.

Ако ви треба утеха или свеж бран на креативност помириснете ја ванилата. Нејзината арома делува смирувачки на емоциите, го поттикнува умот на креација и има афродизијачки својства. 

lavanda-vanila-jasmin-mirisi-za-sreka-ubavina-i-zdravje-02.jpg

Лавандата е толку благороден и смирувачки мирис кој може да ве доведе до зен состојба. Капнете неколку капки на вашата перница масло од лаванда или во средството за туширање и за кратко време ќе потонете во сладок сон. 

Гераниум, многумина го обожуваат неговиот мирис и докажано е дека неговиот мирис стимулира одредени подрачја во мозокот задолжени за хормоналниот баланс, што може да ви помогне да си ги олесните тегобите на ПМС-от. 

Ментата ќе ви помогне успешно да го извежбате вашиот тренинг: нејзиниот мирис ќе ве поттикне да бидете помотивирани во вежбањето, а самите вежби ќе ви се чинат полесни.

lavanda-vanila-jasmin-mirisi-za-sreka-ubavina-i-zdravje-03.jpg

Мирисот на цветот на јасмин испушта хемикалии на добро расположение, ги намалува тегобите и дава полет а неговиот чај помага при слабеењето.

Зрно кафе ќе ве смири и ќе ве направи помалку раздразливи по непроспиената ноќ. Исцедете неколку капки лимон додека работите или кога подготвувате испит. Мирисот ќе ви го изостри умот и работната способност.  

Може да се набават во градинарскиот центар ФОЈА .

Би можело да ве интересира:

Што да направите за розите во вашиот двор да изгледаат како од списание? Наскоро ќе започнат да цветаат па доколку сакате да се гордеете со ваш...
Среќен бамбус – Како да се грижите за него и зошто е добро да го имате во домот? Таканаречениот среќен бамбус може да вирее во секој дел од домот, но, според Фен...
Како да ја исчистите фонтаната во вашиот двор и да ги отстраните алгите? Алгите се најлошиот кошмар на фонтаната во вашата градина. Ако имате п...
Раскошни растенија за балкон – овозможуваат приватност и трпат сонце Покрај убавиот мирис, лавандата е одбивна за некои инсекти, а бидејќи расте како...
Висечки растенија во домот: Кои видови се најпогодни? Собните растенија се одличен начин да го разубавите вашиот ентериер и ...
Цвеќе со опоен мирис – Совети за нега на алисум, народно познат како меден цвет Алисиумот има слатка арома, слично како медот. Неговите цветови растат заедно во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg