Хризантема, мандарина: 8 растенија кои носат среќа во домот, според народните верувања
Многу народи го користат босилекот како лек за разни болести. Поради ова, се верува дека ако го имате растението во домот, ќе имате и добро здравје.
Луѓето со векови веруваат дека некои предмети, но и растенија имаат влијание врз среќата во животот.
Нормално, денес постојат многу скептици во врска со овие верувања, но несомнено се забавни.
Кoи растенија носат среќа во домот според народните верувања?
Бамбус
Бамбусот е познат по неговата издржливост и отпорност. Поради ова, симболизира храброст.
Исто така, се верува дека бамбусот во домот привлекува богатство и среќа.
Според народните верувања, потребно е бамбусот да го поставите на видно место.
Босилек
Саксијата со босилек ќе ви се најде во кујна, а се верува и дека привлекува среќа.
Босилекот симболизира богатство, но и здравје.
Многу народи го користат како лек за разни болести, па затоа и се верува дека ако го имате во домот, ќе имате и добро здравје.
Хризантема
Бидејќи цути во доцна есен, хризантемата е како симбол за долговечност.
Се верува дека хризантемата, а особено онаа со жолти цветови кои потсетуваат на сонце, привлекува радост во домот.
Кактус
Иако има боцки и може да изгледа „заканувачки“, всушност и кактусот се смета за растение кое е добро да го имате во домот.
Поради боцките, кактусот симболизира поставување здрави граници во односот со другите.
Истовремено, според некои народни верувања, тој има „моќ“ да ги апсорбира негативните енергии.