6 собни растенија кои лесно ќе преживеат, дури и во домот на „најнегрижливите“
Фикус (Ficus)
Фикусот има дури 850 различни подвидови, кои успеваат одлично во различни услови, бидејќи се жилави и отпорни на топлина, студ, влага, вода…
Препорачливо е да го полевате 2 пати седмично на лето, а преку зима доволно е и еднаш месечно.
Сепак, за да има сјајни зелени листови, препорачливо е да го чувате на умерена температура и во текот на летото неколку пати да му ставате прихрана.
Алое вера (Aloe Vera)
Ова растение освен што е убав украс во домот, има и лековити својства, па можете да го чувате токму поради тоа.
Додека е младо сака повеќе светлина, но по неколку години е препорачливо да го ставите на светлина, без да е директно изложено на сонце.
На зима се полева еднаш месечно, а преку лето – еднаш неделно.
Кактус (Cactus)
Ова растение има долг животен век и е многу едноставно за одржување.
Може да се чува и во керамичка саксија и во пластична тегла, но се препорачува да бидат изложени на силно сонце.
Преку лето може да се полеваат еднаш во 2-3 седмици, а во зима не им е потребна вода или можете да им ставите по неколку капки еднаш во месецот.
A. J. | Црнобело / фото: Pinterest