Славица од крушевско изработува расцветани дрвца од гранки: „Сакав да им дадам нов живот“

Со цветните креации на Славица од крушевско Свети Митрани, во нејзиното дворче цела година е пролет. Оваа вредна жена нашла начин како да им даде нов живот на старите и оштетени гранки и од нив да направи прекрасни расцветани дрвца.

slavica-od-krushevsko-od-granki-izrabotuva-rascvetani-drvca-sakav-na-isechenite-drvca-da-im-dadam-nov-zhivot-01.jpg

Славица Коларовска (54) е земјоделец од селото Свети Митрани, крушевско, а со своите вешти раце успева на старите и оштетени гранки да им даде нов живот, така што ги претвора во прекрасни расцветани дрвца кои никогаш не венеат.

slavica-od-krushevsko-od-granki-izrabotuva-rascvetani-drvca-sakav-na-isechenite-drvca-da-im-dadam-nov-zhivot-02.jpg

Нејзините цветни дрвца изгледаат прекрасно и живо во секој дел од годината, а за читателите на CRNOBELO.com таа открива како дошла до идејата за изработка на овие прекрасни креации.

„Премногу ги сакам цвеќињата и природата. Инспирација за изработката ја добив кога видов исечени и уништени дрвца. Сакав на некој начин да им дадам шанса за живот.

slavica-od-krushevsko-od-granki-izrabotuva-rascvetani-drvca-sakav-na-isechenite-drvca-da-im-dadam-nov-zhivot-03.jpg

Одлучив да ги преработам и од нив да направам цветни креации. На некаков начин успеав да ги оживеам“ – вели во изјава за CRNOBELO.com Славица.

slavica-od-krushevsko-od-granki-izrabotuva-rascvetani-drvca-sakav-na-isechenite-drvca-da-im-dadam-nov-zhivot-06.jpg

Таа вели дека за изработка на едно дрвце со височина од 120 cm ѝ е потребен еден ден, а во однос на материјалите за изработка на цветовите, таа не сака да открива многу, но вели:

„Јас на сите им потенцирам дека не се оштетуваат од вода и можете слободно да ги туширате!“

slavica-od-krushevsko-od-granki-izrabotuva-rascvetani-drvca-sakav-na-isechenite-drvca-da-im-dadam-nov-zhivot-05.jpg

Во продолжение погледнете повеќе фотографии од вечно расцветаните дрвца на Славица:

slavica-od-krushevsko-od-granki-izrabotuva-rascvetani-drvca-sakav-na-isechenite-drvca-da-im-dadam-nov-zhivot-20.jpg

slavica-od-krushevsko-od-granki-izrabotuva-rascvetani-drvca-sakav-na-isechenite-drvca-da-im-dadam-nov-zhivot-19.jpg

slavica-od-krushevsko-od-granki-izrabotuva-rascvetani-drvca-sakav-na-isechenite-drvca-da-im-dadam-nov-zhivot-18.jpg

slavica-od-krushevsko-od-granki-izrabotuva-rascvetani-drvca-sakav-na-isechenite-drvca-da-im-dadam-nov-zhivot-17.jpg

slavica-od-krushevsko-od-granki-izrabotuva-rascvetani-drvca-sakav-na-isechenite-drvca-da-im-dadam-nov-zhivot-16.jpg

slavica-od-krushevsko-od-granki-izrabotuva-rascvetani-drvca-sakav-na-isechenite-drvca-da-im-dadam-nov-zhivot-15.jpg

slavica-od-krushevsko-od-granki-izrabotuva-rascvetani-drvca-sakav-na-isechenite-drvca-da-im-dadam-nov-zhivot-14.jpg

slavica-od-krushevsko-od-granki-izrabotuva-rascvetani-drvca-sakav-na-isechenite-drvca-da-im-dadam-nov-zhivot-13.jpg

slavica-od-krushevsko-od-granki-izrabotuva-rascvetani-drvca-sakav-na-isechenite-drvca-da-im-dadam-nov-zhivot-12.jpg

slavica-od-krushevsko-od-granki-izrabotuva-rascvetani-drvca-sakav-na-isechenite-drvca-da-im-dadam-nov-zhivot-11.jpg

slavica-od-krushevsko-od-granki-izrabotuva-rascvetani-drvca-sakav-na-isechenite-drvca-da-im-dadam-nov-zhivot-10.jpg

slavica-od-krushevsko-od-granki-izrabotuva-rascvetani-drvca-sakav-na-isechenite-drvca-da-im-dadam-nov-zhivot-08.jpg

slavica-od-krushevsko-od-granki-izrabotuva-rascvetani-drvca-sakav-na-isechenite-drvca-da-im-dadam-nov-zhivot-07.jpg

Поттикнати од пораката на новата иницијатива на Македонски Телеком „Да направиме место за вистински да се поврземе“, којашто поттикнува отвореност и меѓусебно разбирање, за што говореше и Горан Стефановски, редакцијата на CRNOBELO.com ќе направи повеќе место за добри вести и приказни кои инспирираат.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Одгледување сардели: Како да се грижите за нив и кога е идеалното време да ги изнесете надвор? На сарделите најмногу им одговара светло место, но да не бидат изложени директно...
Во дворчето на Ангелина и Перо во Дојран: Соларни пеперутки и фонтана за уживање на пролетното сонце Ангелина и Перо Митаноски од Дојран, љубовта кон уредувањето на ентериерот и екс...
Цвеќиња кои секогаш ги подаруваме, но не го знаеме нивното значење Секој цвет има своја симболика па со оглед на тоа каква порака сакате да пренесе...
Совети за одгледување лаванда во саксија За најдобри резултати, обезбедете ѝ на вашата лаванда доволно светлина и сува&nb...
Дворче во Стојаково со многу природно зеленило и поглед кон зајдисонце - вистински рај за очи Сардели, љубичици, петунии, дрвца и многу природно зеленило ...
Совети за одгледување адам – тропско растение со големи листови, совршено за во двор Она на што треба да внимавате е тоа што ова растение е отровно, односно, неговио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg