Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зелен рај во струмичко: Цветно дворче уредено со многу труд и љубов (фото)

Во идилично уредениот двор на Силвана Панајотова, со убаво искосена трева и внимателно распоредени дрвца, има многу разновидни цвеќиња: темјанушки, петунии, џунџулиња, во разиграни бои – виолетова, жолта, црвена, портокалова, бела и розова.

zelen-raj-vo-strumichko-dvorche-uredeno-so-mnogu-trud-i-ljubov-01.jpg

Зеленило до кај што допира погледот, цвеќиња во живи бои и простор уреден со многу вкус. Вака изгледа дворот на Силвана Панајотова во струмичко.

Таа објави фотографии од внимателно уредениот простор во Фејсбук групата „Дворчето“ и предизвика вистинско воодушевување.

zelen-raj-vo-strumichko-dvorche-uredeno-so-mnogu-trud-i-ljubov-06.jpg

„Прекрасно дворче, се гледа дека е вложено многу труд и љубов“, „Фантазија“, „Мераклиски среден двор, браво“, пишуваат во коментарите.

zelen-raj-vo-strumichko-dvorche-uredeno-so-mnogu-trud-i-ljubov-02.jpg

Во идилично уредениот двор, со убаво искосена трева и внимателно распоредени дрвца, има многу разновидни цвеќиња: темјанушки, петунии, џунџулиња, во разиграни бои – виолетова, жолта, црвена, портокалова, бела и розова.

zelen-raj-vo-strumichko-dvorche-uredeno-so-mnogu-trud-i-ljubov-07.jpg

Во дворот на Силвана има и летниковец, бела дрвена ограда, но и столчиња-лежалки поставени под чадор за сонце, што го прави вистинско место за уживање.

Повеќе фотографии на следната страница:



Би можело да ве интересира:

Семејна куќа во Дојран е како сцена од есенска бајка - двор украсен со тикви, сено и пченка (фото) „Неколку тикви, сено, пченка, суви лисја и хризантеми во портокалова и жолта бој...
Како да ја исчистите фонтаната во вашиот двор и да ги отстраните алгите? Алгите се најлошиот кошмар на фонтаната во вашата градина. Ако имате п...
Дворче во Стојаково со многу природно зеленило и поглед кон зајдисонце - вистински рај за очи Сардели, љубичици, петунии, дрвца и многу природно зеленило ...
Совети за одгледување адам – тропско растение со големи листови, совршено за во двор Она на што треба да внимавате е тоа што ова растение е отровно, односно, неговио...
Совети за одгледување петунии: Какви услови бараат и како до побујно цветање? Петуниите бараат сончеви позиции, но имајте предвид дека за време на т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg