Дворче во Градско со лулашки личи на вистинско игралиште и е сон за секое дете (фото)
Освен лулашките, во дворчето на Даниела и Томе има и летниковец со хамок, но и интересни детали – мала црквичка, дрвена украсна запрежна кола, дрвено столче, место за скара и неколку патеки со бели камчиња.
Томе и Даниела Игнатови, пар од Градско, сами го уредиле дворчето во својата куќа. Со неколку лулашки и клацкалки распоредени низ просторот, тие создале вистинско детско игралиште, сон на секое дете.
Освен лулашките, во дворчето на Даниела и Томе има и летниковец со хамок, но и интересни детали – мала црквичка, дрвена украсна запрежна кола, дрвено столче, место за скара и неколку патеки со бели камчиња.
Сето ова е заокружено со многу зелена трева, листопадни дрвја и мали зимзелени дрвца, поставени во ред покрај дрвената ограда.
Фотографиите објавени на Фејсбук во групата ДВОРЧЕТО привлекоа големо внимание.
Многу членови на групата не криеја дека се воодушевени, па велат, и тие би сакале да имаат таков совршен рај, во кој ќе уживаат и возрасните и децата.
Погледнете повеќе фотографии:
А. Ј. | Црнобело