8 ефикасни трикови со кои ќе ги отстраните непријатните мириси во домот
Во корпата за отпадоци ставете малку песок за мачки, а во фрижидерот ставете обичен памук со неколку капки екстракт од ванила – неколку трикови за ефикасно отстранување на непријатните мириси во домот.
Без разлика колку често го чистите домот, одвреме-навреме можат да се појават непријатни мириси од корпата за отпадоци и слично.
Освежувачите за воздух се добро решение во овие случаи, но постојат и други поприродни, па и поевтини трикови.
Дел од нив во продолжение:
Ставете песок за мачки во корпите за отпадоци
Специјалниот песок за мачки има голема апсорбирачка моќ, а ги впива и непријатните мириси.
Па, ако ставите малку на дното на ќесата за ѓубре, може да го неутрализира лошиот мирис.
Природен освежувач од кора од лимон
Кората од лимон има интензивен мирис, па можете да ја искористите како природен освежувач.
Доволно е во тенџере со вода да зовриете кора од 2-3 лимони.
Сличен ефект има и кората од други цитрусни овошја.
Евкалиптус за свеж мирис во бањата
Гранчињата свеж евкалиптус можете да ги искористите и како декорација, и како освежувач на воздухот во бањата.
Најдобро да ги ставите во близина на тушот бидејќи од пареата кога ќе се туширате, мирисот ќе биде уште поинтензивен.
Памук и екстракт од ванила за фрижидерот
На обичен памук ставете 2-3 капки екстракт од ванила. Ставете го памукот во мал сад, па во фрижидерот.