Трикови за перење облека и отстранување дамки од нашите баби кои ќе ви се најдат
Перете ја темната облека превртена наопаку
Бојата на темната облека ќе ви трае многу подолго ако ја перете превртена наопаку.
Ова важи за секаква облека – од фармерки и панталони, до маички.
Редовно чистете ја машината за перење
Во машината лесно се собира бигор, а останува и влага која може да биде причина за непријатен мирис дури и кај испраната облека.
Па, еднаш месечно темелно чистете ја машината, а не заборавајте да го исчистите и филтерот.
Отстранување дамки со леб
За некои дамки можете да употребите и најобичен леб. Отстранете ја кората од парче леб, направете топче од мекиот дел и истријте ја дамката.
Овој трик е добар за дамки од кармин и пенкало. Секако, станува збор за ако успеете веднаш да го исчистите ако немате ништо друго при рака, и не значи дека во секој случај ќе биде успешно.
Оцет за жолти дамки
Ако имате жолти дамки на облеката од антиперспиранти и слично, можете да ги отстраните со оцет.
Измешајте исто количество бел оцет и студена вода. Можете да додадете и лажичка прашок или детергент.
Нанесете ја смесата на жолтата дамка, оставете да делува неколку минути, истријте ја, па исперете ја облеката како вообичаено.
Спирова С. | Црнобело