Упорно собирате пластични кутии и уште 8 грешки поради кои кујната ви е во хаос
Давате пари за кујнски алатки за една намена, што ќе ги употребите само еднаш
Ако немате навика да украсувате торти со шлаг, нема потреба да купувате цела опрема за потоа само да ви зафаќа место.
Ова важи за сите кујнски алатки за кои знаете дека нема да ги искористите повеќе од еднаш.
Упорно ги чувате тенџерињата без рачки и со скршени капаци
Разбирливо е ако многу ви се допаѓа некое тенџере, но ако веќе се распаѓа, нема поента да продолжите да го чувате.
Собирате пластични кутии
Веројатно нема личност која не зачувала пластични кутии од сладолед со надеж дека ќе ѝ се најдат.
Во реалноста, тешко дека ќе ги искористите овие кутии, па нема потреба да ги чувате.
Чувате кујнски апарати што не ги користите
Во кујната сигурно имате еден апарат што сте го купиле, сте го вклучиле еднаш и никогаш повеќе.
Штом не сте го употребиле апаратот повеќе од една година, подобро е да го подарите отколку да ви фаќа прашина.
Не ги средувате фиоките
Потрудете се да ги средувате кујнските фиоки почесто.
Ако сте како повеќето, веројатно некогаш имате навика да ставите нешто во фиока за наводно да знаете каде е, а потоа потполно да го заборавите.
Редовното средување ќе ви помогне да го избегнете ова, како и нередот во фиоките.
Спирова С. | Црнобело