Упорно собирате пластични кутии и уште 8 грешки поради кои кујната ви е во хаос
Сигурни сме дека во кујната имате барем еден уред кој сте го купиле, сте го употребиле еднаш и никогаш повеќе. Ако не се ни сеќавате кога последен пат сте го употребиле, најдобро е да го подарите.
Можете значително да си го олесните средувањето на кујната ако се ослободите од некои работи и ако почнете да избегнувате некои грешки.
Ако кујната ви е хаос, погледнете кои навики можеби се виновни за тоа:
Складирате остатоци од ручекот без да запишете датум
На сите ни се случува да ни остане храна од ручекот, која потоа ја ставаме во фрижидер или замрзнувач. Но, на многумина ни се случува и да заборавиме да напишеме датум.
Залудно го складирате преостанатиот ручек ако не напишете датум кога сте го ставиле. Повеќето готвени јадења во фрижидер траат едвај 3-4 дена.
Па, ако нема датум, ќе немате претстава до кога да ги изедете и само ќе го преполнувате фрижидерот.
Истото важи и за храната што ја ставате во замрзнувач – готвената храна не треба да се чува подолго од 4-5 месеци.
Купувате исечени или рендани намирници
Изгледа поедноставно да купите рендан кашкавал или исечена салата, но со ова само непотребно давате повеќе пари.
Покрај тоа, пластичните амбалажи на овие продукти секогаш зафаќаат повеќе прсотор. И, не можете да ја споредите свежината на однапред исечените продукти и оние што ќе ги исечете сами.
Па, кога сте во можност, избегнувајте ги однапред исечените и ренданите продукти.
Ги чувате зачините и чајот многу долго време
Можеби сувите зачини и чајот нема да се расипат, но ако ги чувате многу долго, дефинитивно ќе им се промени вкусот.
Повеќето суви зачини и чаеви е препорачливо да ги искористите во период од околу четири месеци откако ќе ги отворите. По овој рок најдобро фрлете ги бидејќи само ќе ви зафаќаат простор.
Го чувате искористеното масло за пржење
Иако ова изгледа како одлична идеја да заштедите масло, не е препорачливо да ја практикувате.
Односно, ако маслото не е изгорено и во него нема остатоци од храна, безбедно е да го искористите уште еднаш, најмногу двапати.
Потоа нема потреба да ви зафаќа место.