Грешки со кои ги уништувате електричните уреди (и го зголемувате ризикот од пожар)

Не ја исклучувате микробрановата печка од струја

Кога е вклучена во струја, микробрановата печка троши струја (најмногу за дигиталниот часовник), но ова е минимално количество и не прави скоро никаква разлика во сметката.

Но сепак, ако станува збор за постар модел, можно е да настане спој ако е вклучена во струја и да предизвика пожар.

Затоа, ако не планирате да ја користите, најдобро е да ја исклучите од струја.

greshki-so-koi-gi-unishtuvate-elektrichnite-uredi-i-go-zgolemuvate-rizikot-od-pozhar-06.jpg

Не го чистите филтерот на фенот

Фенот со затнат филтер може да предизвика сериозна штета.

Ако на филтерот се имаат акумулирано прашина и влакна, фенот не може да си ја регулира температурата, па ќе почне да се загрева.

Ова ќе му го скрати рокот на траење, а може да предизвика и пожар.

greshki-so-koi-gi-unishtuvate-elektrichnite-uredi-i-go-zgolemuvate-rizikot-od-pozhar-07.jpg

Вклучувате многу уреди на еден продолжен кабел

Морате да бидете внимателни со продолжените кабли ако сакате да избегнете пожар.

Немојте одеднаш да вклучувате многу уреди, никогаш немојте да ги користите надвор и немојте да приклучувате еден продолжен кабел на друг.

greshki-so-koi-gi-unishtuvate-elektrichnite-uredi-i-go-zgolemuvate-rizikot-od-pozhar-08.jpg

Користите продолжени кабли и додатни приклучоци за несоодветни уреди

Уредите кои трошат повеќе струја никогаш не треба да бидат приклучени на продолжен кабел или додатен приклучок.

Овде спаѓаат уреди како фрижидери, шпорети, микробранови печки и греалки.

Ако морате да користите продолжен кабел, набавете поиздржливи продолжени кабли и задолжително консултирајте се со професионалец.

greshki-so-koi-gi-unishtuvate-elektrichnite-uredi-i-go-zgolemuvate-rizikot-od-pozhar-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
Корисни трикови како да ги измерите состојките „од око“ (а да се точни) Ви се случило ли кога готвите да ставате состојки „од око“? Но, што ако рецептат...
Застарени парчиња мебел од кои (конечно) мора да се ослободите Пред да ја фрлите омилената фотелја, сетете се дека после години и години седење...
10 детали кои го уништуваат изгледот дури и на најубавиот ентериер Несредена работна површина во кујната, прашина на собните цвеќиња... Кои се најч...
Знаци дека имате мувла во домот + како да се ослободите од неа Поставете сензори за температура и влажност во вашиот дом, па користете ги да го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg