Ја чувате четката за заби до мијалникот и уште 11 грешки при складирање со кои ги уништувате предметите во домот

Џемпери на закачалки

Најдобро е да ги чувате џемперите здиплени или да ги закачите како на фотографијата десно.

Ако ги закачувате како останатата облека, со текот на времето ќе се растегнат.

ja-chuvate-chetkata-za-zabi-do-mijalnikot-i-ushte-11-greshki-pri-skladiranje-so-koi-gi-unishtuvate-predmetite-vo-domot-08.jpg

Изложени зачини

Зачините можат да бидат одлична декорација во кујната, но не е препорачливо да ги чувате на отворено место.

Сончевата светлина, влагата што се создава додека готвите, како и промената на температурата поради шпоретот можат да имаат влијание врз нивниот вкус.

Затоа, најдобро е да ги чувате зачините во фиока или шкафче, подалеку од шпоретот.

ja-chuvate-chetkata-za-zabi-do-mijalnikot-i-ushte-11-greshki-pri-skladiranje-so-koi-gi-unishtuvate-predmetite-vo-domot-09.jpg

Секакви документи и сметки на куп

Најпрво фрлете ги сите сметки и документи за кои сте сигурни дека нема да ви требаат.

Потоа, за полесно да ги наоѓате, но и да не ги фрлите случајно, распоредете ги во папки, кутии и слично.

ja-chuvate-chetkata-za-zabi-do-mijalnikot-i-ushte-11-greshki-pri-skladiranje-so-koi-gi-unishtuvate-predmetite-vo-domot-10.jpg

Фотографии во кутии

Иако денес ретко кога вадиме фотографии, во домот веројатно имате многу од порано. Голема е веројатноста и да ги чувате по кутии.

Но, со овој начин на складирање фотографиите ќе избледат.

Затоа најдобро е да купите албуми кои ќе ги чувате во добро затворена кутија, настрана од сончева светлина.

ja-chuvate-chetkata-za-zabi-do-mijalnikot-i-ushte-11-greshki-pri-skladiranje-so-koi-gi-unishtuvate-predmetite-vo-domot-11.jpg

Облека на отворени полици и закачалки

Отворените закачалки за облека изгледаат одлично на Инстаграм, но дефинитивно не се најпрактично.

Ако ја чувате облеката на отворени закачалки и полици, таа ќе стане магнет за прашина и нечистотии.

ja-chuvate-chetkata-za-zabi-do-mijalnikot-i-ushte-11-greshki-pri-skladiranje-so-koi-gi-unishtuvate-predmetite-vo-domot-12.jpg

Крпи во тоалетот

Повторно поради влагата, не е препорачливо да ги чувате крпите во тоалетот.

Освен крпата за раце што ја користите секојдневно, останатите ставете ги во некој шкаф.

ja-chuvate-chetkata-za-zabi-do-mijalnikot-i-ushte-11-greshki-pri-skladiranje-so-koi-gi-unishtuvate-predmetite-vo-domot-13.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

7 грешки со кои (несвесно) го намалувате животниот век на апаратите за домаќинство Ставате фолија во рерната за да ја заштитите од храната што капе и да на мора да...
Ситници поради кои бањата ви изгледа хаотично (а гостите ги забележуваат) Валкан сад за сапун, луфа закачена на чешмата и стара подлога на подот – кои сит...
Чести грешки кои имаат влијание врз хигиената во бањата Ја чувате луфата во туш кабината или на кадата, крпите ги складирате во бањата и...
8 детали во уредувањето на домот што непотребно ви го отежнуваат чистењето Ако ставите црна чешма, на неа постојано ќе има дамки од бигор доколку не ја чис...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
9 работи во домот што вие ги игнорирате, а оставаат лош впечаток кај гостите Ако кафето го послужите во напукната шолја или изнесете грицки во закршена чиниј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg