Облека со тантела, градници со корпа – Работи кои не треба да ги перете во машина
Избегнувајте да ги перете градниците со корпа во машина за перење облека бидејќи корпите можат да ја изгубат формата.
Машината за перење е еден од изумите кои значително ни го олеснуваат секојдневието и ни заштедуваат многу време.
Нo сепак, постојат некои работи кои не е најбезбедно да ги ставите во машина, најмногу бидејќи ќе ги оштетите.
Кои работи не треба да ги перете во машина?
Откопчани патенти
Без проблем можете да ги перете фармерките, кошулите и другата облека со копчиња и патенти во машината, но мора да обрнете внимание на две нешта.
Најпрво, осигурете се дека сите патенти се закопчани – во спротивно можно е да се закачат на поделикатно парче облека и да го скинат.
Копчињата, пак, оставете ги откопчани. Ако не го направите ова, во машината можат да се растегнат или скинат дупките за копчињата.
Облека со тантела
Тантелата е тенка и лесно може да се скине, па најдобро избегнувајте да ги перете овие парчиња во машина. Најдобро е да ги перете на рака, по можност со студена вода.
Внимавајте и да не ги триете многу овие парчиња и да не ги цедите со стискање и гмечење.
Облека со монисти и слични детали
Деталите како монисти лесно можат да се скинат ако ги перете во машина. Овие украси обично се зашиени со многу тенок конец. Ако, пак, се залепени, лесно можат да се одлепат од топлата вода и триењето со другата облека во машината.
Градници со корпа
Корпите на градниците можат да ја изгубат формата ако редовно ги перете во машина. Покрај тоа, металните делчиња за закопчување можат да се закачат на другата облека и да ја оштетат.
Најдобро е да ги перете градниците на рака – само ставете ги во топла вода со прашок и омекнувач, оставете да отстојат, добро исплакнете ги, па закачете ги да се исушат.
Костими за капење
Еластичниот материјал од којшто се направени костимите за капење лесно може да се растегне поради топлата вода и центрифугата. Перењето во машина може и да ја избледи бојата на костимите за капење.
Перете ги костимите за капење на рака во студена или млака вода. Кога, пак, ги сушите, не ги ставајте директно на сончева светлина.