Зошто е важно редовно да го перете градникот + колку често треба да го правите тоа?
Иритација, непријатен мирис, оштетен материјал – постојат неколку причини зошто е важно редовно да го перете градникот, но колку често треба да го правите тоа?
Постојат многу дилеми во врска со тоа колку често треба да се перат градниците.
Во некои случаи можете да го носите градникот и неколкупати пред да го исперете. Но, некогаш важно е да го перете многу почесто, дури и по секое носење.
Па, колку често треба да го перете градникот и што ќе сe случи ако не го правите тоа редовно?
Развој на бактерии и габи
Бактериите и габите сакаат влажни места, што значи градникот е одлична околина за нив.
Комбинацијата од пот и масла што ги лачи кожата го поттикнуваат нивниот развој, па ако не го перете градникот редовно, тие ќе се акумулираат на него.
Иритација на кожата
Габите и бактериите што ги спомнавме претходно можат да бидат причина за иритација, особено ако имате почувствителна кожа.
Непријатен мирис
Ова е веќе очигледно – ако не го исперете градникот по неколку носења, ќе почне да мириса непријатно. А, овој мирис ќе се апсорбира и на вашата облека.
Потта може да го оштети
Потта, маслата од кожата, но и дезодорансите и антиперспирантите што ги користиме сите можат да го оштетат материјалот на градникот.
Што значи, редовното перење е клучно ако сакате градникот да ви трае подолго.
Колку често треба да го перете градникот?
Одговорот на ова прашање зависи од неколку фактори.
Ако станува збор за спортски градник со којшто вежбате, морате да го перете по секое носење. Истото важи и во летните месеци кога потењето е многу почесто.
Сепак, ако е топло, но сте го носеле градникот само 2-3 часа и не сте се испотиле, можете да го облечете уште еднаш-двапати.
Кога времето е постудено и не се потите многу, можете да го перете градникот поретко, најдобро по 2-3 носења.
Неколку совети со кои ќе го продолжите векот на вашиот градник
1. Носете ги градниците наизменично. Односно, добро би било да имате барем три пара и секој ден облекувајте различен. На овој начин градниците подолго ќе ја задржат нивната форма.
2. Кога ги перете градниците најдобро е да ги закопчате за металните делови да не се заплеткаат во другата облека и да ја оштетат.
3. Избегнувајте ја центрифугата или пуштате ја на најмалку вртежи.
4. Избегнувајте да го сушите градникот во машина за сушење бидејќи може да ја изгуби еластичноста. Кога, пак, го сушите, осигурете се дека корпите се наместени во нивната нормална положба.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





