Сите имаме по нешто, а влагата ги уништува – работи кои не треба да ги чувате во бањата

Речиси секој од нас има утрински ритуали во бањата. Па така стана сосема нормално голем дел од работите да ги чуваме таму, за да ни бидат при рака.

Raboti-koi-ne-treba-da-gi-chuvate-vo-banjata-01.jpg

Сепак, влагата се задржува на нив, па затоа се препорачува да го избегнуваме изложувањето на отворено на овие работи во бањата.

Доколку веќе инсистирате дел од нив да се најдат таму, погрижете се да бидат добро складирани во плакар.

Во спротивно, еве за кои работи бањата е „смрт“:

Крпи

Ова веројатно e изненадување за многу луѓе, бидејќи кој не сака да има подготвена крпа веднаш по туширањето.

Сепак, бањите се влажни места кои се почва за бактерии, а крпите се особено подложни на габи.

Ако сепак одлучите да го чувате вашиот пешкир во бањата, треба да се погрижите правилно да го закачите и да го употребите што е можно побрзо.

Бањарки

Иако звучи логично, бањарката сепак не треба да се чува во бањата. Исто како и во случајот со крпите, бактериите и габите лесно можат да се нагнездат во ткаенината на бањарката. Покрај тоа, влажноста во просторијата може да предизвика кај бањарката мирис на мувла.

Книги и списанија

Книгите и списанијата, како и хартијата воопшто, многу брзо ја апсорбираат влагата во бањата. Резултат: стуткани страници и лепило кој испарува од нив и ослободува токсини.

Накит

Некои луѓе имаат навика да чуваат обетки во бањата, бидејќи таму има огледало. За жал, водата му влијае и на накитот, особено на среброто, кое е многу чувствително на влага.

Парфеми и шминки

Ненадејните промени во температурата влијаат на молекулите во парфемот, што може да доведе до тоа истиот да почне да мириса кисело. Шминките исто така не треба да се чуваат во бањата.

Слично како и кај парфемите, и на нив им влијае промената на температурата и влагата во воздухот, што може да придонесе до побрзо распаѓање и уништување на структурата, а генерално и поради бактериите кои лесно може да се налепат на четките за шминкање, а потоа да завршат на вашето лице.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чести грешки кои имаат влијание врз хигиената во бањата Ја чувате луфата во туш кабината или на кадата, крпите ги складирате во бањата и...
Ситници поради кои бањата ви изгледа хаотично (а гостите ги забележуваат) Валкан сад за сапун, луфа закачена на чешмата и стара подлога на подот – кои сит...
9 работи кои ја нагрдуваат бањата (и гостите секогаш ги забележуваат) Ви се случило ли да влезете во бањата (своја или туѓа) и да не сакате да останет...
5 работи за домот кои се бескорисни и за кои само фрламе пари Сапуни во вид на фигури, кујнски апарати кои „можеби ќе се најдат“ - колкупати с...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
10 детали кои го уништуваат изгледот дури и на најубавиот ентериер Несредена работна површина во кујната, прашина на собните цвеќиња... Кои се најч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg