14 генијални трикови што ќе ви бидат од голема корист
Каква маица да носите со бела кошула?
Немојте да носите бела маица под белата кошула бидејќи сигурно ќе се познава. Наместо тоа, купете маица со боја слична на вашата кожа.
Како да му го продолжите животот на душекот?
Со секое менување на постелнината, добро би било и да го превртувате душекот. Бидејќи со текот на времето душекот се деформира од вашата тежина, со честото превртување ќе ја намалите деформацијата.
Како да го отстраните заштитното капаче од стиковите?
За најлесно да го отстраните пластичното капаче, завртете го долниот дел од стикот и капачето ќе се крене нагоре со стикот, па ќе го извадите без никаков проблем.
Како да го исчистите блендерот?
Едноставно, наполнете го блендерот со вода и средство за садови, вклучете го околу една минута, па исплакнете го со вода. Правете го ова веднаш откако ќе завршите со употреба за да не се засушат остатоците од храна.
Како да го спречите откопчувањето на патентот?
Земете метална алка, како од приврзок за клуч, закачете ја на патентот, а потоа на копчето – како на фотографијата.
Како да готвите тестенини и зеленчук во еден сад?
Ставете ги тестенините во тенџере со вода, а на тенџерето ставете и решетка на која ќе го наредите зеленчукот. Потоа само покријте го зеленчукот со капак.
Како да направите две пици во една тава?
Пресечете ги пиците на половина и наредете ги како на фотографијата.
Спирова С. | Црнобело