14 малку познати начини како да го искористите оцетот за чистење на домот

Светнете ги огледалата

Проблемот со средствата за чистење на стакла и огледала е што честопати оставаат остатоци. Оцетот работи исто толку добро, со предноста што е евтин и еколошки.

Со него, исто така, можете да ги исчистите стаклата на прозорците и светилките.

Потребно е да измешате еднаква количина на вода и оцет. Растворот се става во шише-распрскувач и се користи на ист начин како и обичниот чистач на стакло.

Kako-da-go-iskoristite-ocetot-za-cistenje-na-domot (8).jpg

Решете се од бигорот во кафематот или електричниот бокал

Чистењето на ваквите апарати е лесно со помош на мешавина од ладна вода и оцет во сооднос 2:1. 

Овој раствор се истура во резервоарот на кафемат, како што се прави кога кафето се подготвува и апаратот е ставен во функција. Откако ќе се испразни резервоарот, течноста се остава да отстои 15 минути. Потоа, процесот се повторува, но со зовриена вода.

Откако ќе се излади, кафематот нормално се празни и се мие со вода и детергент. Истата постапка може да ја примените и кај електричните бокали.

Kako-da-go-iskoristite-ocetot-za-cistenje-na-domot (9).jpg

Освежете ги боите на килимите

Боите на килимите бледнеат со дејството на сончевата светлина врз нив. Може да се оживеат со триење со крпа натопена со топол алкохолен оцет. Течноста се остава да делува неколку минути и се суши со крпа. Потоа, тепихот може да се помине со правосмукалка.

Kako-da-go-iskoristite-ocetot-za-cistenje-na-domot (15).jpg

Остранете ги налепниците

Понекогаш и покрај нашето внимателно отстранување на лепенките, останува грозен остаток од лепило на површините.

За да го избегнете ова, само треба да ја натопите налепницата во малку оцет користејќи четка или хартиена крпа.

Оставете да дејствува околу пет минути и истријте ја налепницата додека не се симне. Повторете го процесот ако остатоците од лепило се сè уште јасно видливи.

Kako-da-go-iskoristite-ocetot-za-cistenje-na-domot (10).jpg

Исчистете ја машината за перење

По перењето на облеката, се акумулира талог во барабанот, во резервоарот и во цревата и може да предизвикува лош мирис.

За да го отстраните, едноставно вклучете ја машината за перење на најдолг циклус и на висока температура со додавање на четири чаши бел оцет во барабанот и ¾ чаша во резервоарот за прашок.

На половина од процесот, прекинете го циклусот и оставете го апаратот да одмори околу еден час за да проработи дејството на оцетот.

Потоа, машината повторно се става во функција до крајот на циклусот. Во меѓувреме, надворешноста на машината може да се исчисти со крпа натопена во оцет.

Сепак, кога станува збор за поскапи апарати во домаќинството, прво проверете добро дали би било пожелно да експериментирате.

Kako-da-go-iskoristite-ocetot-za-cistenje-na-domot (12).jpg

Отстранете ги остатоците од восок од свеќите

Остатокот од восок од свеќи се лепи на површините и доста тешко се отстранува. Најдобро е да го загреете восокот со фен за коса, да го отстраните со хартиена крпа, а дамката ќе успеете да ја извадите со помош на крпа натопена во мешавина од вода и оцет со сооднос 3:1.

Овој трик функционира и за отстранување на остатоци од восок од дрвени површини.

Kako-da-go-iskoristite-ocetot-za-cistenje-na-domot (13).jpg

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
10 детали кои го уништуваат изгледот дури и на најубавиот ентериер Несредена работна површина во кујната, прашина на собните цвеќиња... Кои се најч...
5 работи за домот кои се бескорисни и за кои само фрламе пари Сапуни во вид на фигури, кујнски апарати кои „можеби ќе се најдат“ - колкупати с...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
Совети како да се грижите за подот да делува како да е нов и по долго време Без оглед дали дома имате (или сакате да ставите) паркет, ламинат или линолеум, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg