Домаќински трикови за брзо и ефикасно чистење на прозорците
Чистењето на прозорците е една од поздодевните обврски во домот, но речиси никогаш не можете да ја прескокнете.
Па затоа, претпоставуваме ве интересира како можете да си го олесните чистењето на прозорците и да го направите поефикасно.
Во продолжение следат неколку совети и трикови кои ќе ви ја олеснат оваа домашна обврска:
Домашно средство за чистење
Ако не сакате да користите продукти полни со хемикалии, можете и сами да си направите средство за чистење прозорци. Во шише со распрскувач измешајте половина литар вода со 60-тина милилитри оцет, а можете да додадете и малку лимонов сок за подобар мирис. Потоа исчистете ги прозорците како вообичаено.
Чистете ги прозорците кога е облачно
Сигурно и самите сте забележале дека ако ги чистите прозорците кога има многу сонце, на нив остануваат траги од средството. Сонцето брзо го суши средството, и поради ова остануваат траги на стаклото. Затоа, најдобро е да ги бришете прозорците кога е облачно.
Чистење со весник
Можеби веќе го знаете овој трик од вашите баби – наместо крпа, исчистете ги прозорците со некој дневен весник. Хартијата од весникот нема да направи гребаници на прозорецот, дури и ако триете посилно, а истовремено нема да остави траги од средството. Сепак, за да бидете сигурни, пробајте прво на помал дел.
Користете сунѓер со поголеми дупки
Ако треба да чистите многу валкани прозорци, најдобро е да користите сунѓер со големи дупки, а не од оние грубите за садови, и многу вода.
Насока на бришење
Некогаш се случува откако ќе го исчистите прозорецот на него да останат траги. За полесно да воочите од која страна се трагите, чистете ја внатрешноста со хоризонтално движење, а надворешноста со вертикално. Или обратно.
На крај, во зависност од тоа дали останатата трага е хоризонтална или вертикална, ќе знаете од која страна се наоѓа.
Користете микрофибер крпа
Ако не сакате да употребувате весник, микрофибер крпите се можеби најдобри за чистење прозорци. Добро впиваат, не оставаат траги и ќе можете да ги користите повеќепати.
Купете чистач за стакло
За големите прозорци во домот, наједноставно е да користите чистач за стакло. Овие направи се евтини и ќе ви помогнат многу побрзо и поефикасно да ги исчистите големите прозорци.
Спирова С. | Црнобело