Кујнски прибор кој не смее да го користите подолго од 1 година
Сигурно во последната година, па и повеќе, ги немате променето следниве кујнски додатоци, без да размислите колкаво легло на бактерии се има создадено во нив.
Ренде
Би требало најмалку еднаш годишно да го менувате рендето, со оглед на тоа што со него рендате од лимон до чоколадо, а има тешко достапни делчиња за темелно миење.
Кујнски крпи
Во кујнските крпи најлесно се собираат бактерии, без оглед на тоа дали ги користите за да бришете раце, садови или само дамки.
Важно е да ги перете често, но и да ги менувате на година дена.
Даски за сечење
Дрвени или пластични, даските за сечење имаат ситни посекотини од ножевите на себе, а во нив се собираат парчиња од храната кои е тешко да ги исчистите.
Користењето на ваквите даски подолго од 1 година е ризично за здравјето.
Дрвени лажици
Исто како и кај даските за сечење, така и дрвените лажици со текот на времето се здобиваат со пукнатини каде се собира храната, а е тешко достапно место за чистење.
Освен ако не сакате насобраните бактерии да ги раширите во храната која ја подготвувате, крајно време е да купите нова лажица.
М. Д. | Црнобело