Работи што никогаш не би требало да ги чистите со правосмукалка

Кога ќе скршите или истурите нешто, најлесното решение е да ја вклучите правосмукалката.

raboti-shto-nikogash-ne-bi-trebalo-da-gi-chistite-so-pravosmukalka-01.jpg

Но, постојат некои работи што никогаш не би требало да ги чистите со неа. Кафето, скршеното стакло и слично можат да ја намалат ефикасноста на правосмукалката, па дури и да ја расипат.

Затоа, избегнувајте да ги чистите следниве работи со правосмукалка:

Кафе и какао

Ако чистите талог од кафе со правосмукалка, постои ризик да се направи мувла. Талогот од кафето е влажен и лесно може да се залепи на делови од правосмукалката кои потоа е невозможно да ги исчистите.

Истовремено, избегнувајте да чистите мелено кафе или какао бидејќи ситните честички можат да го блокираат филтерот или да завршат во моторот.

raboti-shto-nikogash-ne-bi-trebalo-da-gi-chistite-so-pravosmukalka-02.jpg

Земја и неред од растенијата во домот

Доколку чувате растенија, сигурно ви се случило да истурите некоја саксија. Во овој случај, најдобро е да го исчистите подот со четка или метла.

Доколку земјата од саксијата е влажна, можете да ја расипете правосмукалката, а исушените листови од растенијата лесно можат да го затнат цревото или филтерот.

Влакна

Невозможно е целосно да ја „заштитите“ правосмукалката од влакна, но обидувајте се да ги избегнувате.

Влакната од косата или од милениците можат да ги затнат филтрите и да јa намалат ефикасностa на правосмукалката.

Козметички продукти

Можеби сенките и камената пудра се суви, но неретко, тие содржат масла и супстанци што се топат од топлината на правосмукалката.

Овие супстанци, пак, речиси сигурно ќе создадат проблем со филтерот.

raboti-shto-nikogash-ne-bi-trebalo-da-gi-chistite-so-pravosmukalka-03.jpg

Мали парчиња хартија и конфети

Конфетите можат да ја расипат правосмукалката бидејќи предизвикуваат загревање. Конфетите од фолија, пак се уште поопасни од хартиените. Овие конфети можат да се стопат од топлината на правосмукалката и да се залепат во внатрешноста.

Кабли

Собирањето на прашината од каблите е вистински предизвик, а најдобро е да го правите тоа со крпа.

Правосмукалката може да ги оштети каблите, а никогаш не е безбедно да имате соголени жици во домот.

raboti-shto-nikogash-ne-bi-trebalo-da-gi-chistite-so-pravosmukalka-04.jpg

Влажен под

Ако го чистите влажниот под со правосмукалка, постои ризик да ве фати струја. Истовремено, влагата од подот ќе заврши во правосмукалката и или ќе ја оштети, или ќе предизвика лош мирис.

Скршено стакло

Очигледно е дека стаклото може да ги оштети цревото, филтерот и вреќата, но многу луѓе сепак го собираат со правосмукалка.

Срчите ќе направат речиси невидлива штета, а ако ја скинат вреќата, целата прашина од неа ќе се ослободи во домот.

Брашно

Според експертите, ако сакате да го соберете истуреното брашно со правосмукалка, обрнете внимание на количината. Малку брашно нема да направи штета, но ако сте истуриле цело пакување, најдобро е да го соберете со метла.

Во спротивно, можете да ги блокирате филтрите на правосмукалката или да го расипете нејзиниот мотор.

raboti-shto-nikogash-ne-bi-trebalo-da-gi-chistite-so-pravosmukalka-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
5 работи за домот кои се бескорисни и за кои само фрламе пари Сапуни во вид на фигури, кујнски апарати кои „можеби ќе се најдат“ - колкупати с...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
Корисни трикови како да ги измерите состојките „од око“ (а да се точни) Ви се случило ли кога готвите да ставате состојки „од око“? Но, што ако рецептат...
Застарени парчиња мебел од кои (конечно) мора да се ослободите Пред да ја фрлите омилената фотелја, сетете се дека после години и години седење...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg