Трикови кои ќе ја намалат сметката за струја - Како брзо и евтино да загреете дома?
Постојат одредени правила како побрзо да го загреете домот и што подолго да ја одржите топлината, а со тоа и да ги намалите сметките за струја.
Искористете неколку трикови и совети оваа сезона:
1. Изолирајте ја влезната врата
Поставете дрвен праг или купете специјално направено перниче за таа намена.
Ако вратата се отвора кон студен ходник или директно нанадвор, може да поставите некоја завеса од тешка ткаенина или материјал која ќе го намали директното струење на ладен воздух во просторот.
2. Изолирајте го стаклото на прозорите кои ви се „вишок“
Запечатете ги прозорите кои и онака никогаш не ги отварате, за да не губите топлина.
Исто така, спуштете ги ролетните кои може да послужат како дополнителна изолација.
Прозорите кои не ви се неопходни за светлина, може да ги покриете со стиропорна табла од 2-3 сантиметри.
3. Размислете за преместување на мебелот
Тргнете го мебелот од ладните надворешни ѕидови и наместете го во близина на изворот на топлина, на пример каминот.
Исто така, тргнете ги тешките, масивни парчиња мебел кои се залепени до радијаторите, за да не го блокираат струењето на топлиот воздух.
4. Поставете тепих на подот
Знаеме дека ламинатот е прелесен за чистење кога не е покриен, но исто така е и ладен. Во текот на наредните 2-3 месеци покријте го, посебно ако живеете во куќа.
5. Набавете преносна греалка
Ставете малечка греалка во просторот каде најчесто седите и вклучувајте кога ви треба брзо затоплување на воздухот.
Но, не го прегревајте просторот. Оптималната температура е околу 20 степени, а за секој степен плус се троши 6% повеќе енергија.
6. Водете сметка за ролетните и завесите
Навечер задолжително спуштајте ги ролетните и повлекувајте ги завесите. Тие може да го намалат губењето на топлината за 10% во текот на една ноќ.
Ако случајно денот е сончев, отворете ги завесите и ролетните, за зраците да ги загреат прозорците.
7. Проветрувајте редовно, но не подолго од 10 минути
На тој начин нема да се изгуби топлината која се акумулирала во мебелот и ѕидовите, а воздухот ќе се промени.
Најправилно е да проветрувате 2-3 пати дневно со ширум отворени прозорци 2 до 3 минути.
8. Затворајте ги собите кои не ги користите
Затворањето на вратата од собите кои не ги користите во поголемиот дел од денот ќе го спречи влегувањето на студен воздух и испуштањето на топлиот.
9. Отворете ја вратата од рерната после печење
Наместо да ја оставите затворена додека се лади, може да ја отворите и дополнително да го загреете просторот.
М. Д. | Црнобело