15 работи што вреди да ги купувате на големо
Кога купувате на големо, на почетокот разлика во цена е само неколку денари. Сепак, после некое време, оваа разлика станува очигледна.
Покрај тоа, купувањето на големо ќе ви помогне да го избегнете импулсивното купување и непотребните трошоци.
Но, важно е да знаете и кои предмети е најдобро да се купуваат на големо.
Тоалетна хартија
Тоалетната хартија ја користите секој ден. Покрај тоа, сигурно не сакате да останете без неа, особено ако сте сами дома.
Путер
Можеби не мислите дека путерот е скап, но понекогаш може да влијае врз вашиот буџет.
Доколку често готвите со путер, добро би било да купите повеќе наеднаш. Само осигурете се дека ќе го чувате замрзнат.
Јаткасти плодови
Јаткастите плодови се трошат брзо, па добро е во домот да имате повеќе.
Можете да најдете продавница каде што јаткастите плодови имаат пониска цена и да купите повеќе одеднаш.
Батерии
Батериите се навистина важни, дури и ако не сте го забележале тоа. Никогаш не знаете кога ќе се истрошат батериите од далечинскиот управувач или од некоја играчка на вашето дете.
Поради ова, секогаш во домот имајте неколку батерии плус.
Тестенини
Тестенините се лесни за приготвување и се вкусни, а секогаш кога ве мрзи да готвите, можете да направите од нив. Бидејќи не се расипуваат, најдобро е да купите неколку пакувања одеднаш.
Детергент за облека
Перењето е навистина здодевна активност, а ако во последен момент останете без детергент, сигурно ќе бидете фрустрирани.
Поради ова, секогаш купувајте повеќе детергент одеднаш. Покрај тоа, ова е и поевтина опција.
Паста и четка за заби
Сигурно не сакате да останете без паста за заби наутро, пред да одите на работа. За да ги избегнете овие ситуации, секогаш купувајте по неколку пасти за заби.
Истовремено, добро е во домот да имате и резерва четка за заби, бидејќи се препорачува да ја менувате на секои 3 месеци.