Најчести грешки кои се прават при перење на постелнината
Перењето на постелнината треба да биде одвоено од долната облека, а уште повеќе од крпите и бањарките.
Ставањето на облеката и постелнината во машината за перење е здодевен рутински процес на кој не му обрнуваме внимание колку што би требало.
Но, затоа никогаш не е доцна да научите кои се најчестите грешки и како да ги избегнувате:
Ја перете постелнината заедно со фротирните крпи
На крпите кои ги користиме за лице, раце и за туширање се собираат остатоци од козметика и нечистотија, кои поради различната текстура, лесно ќе се залепат на чаршафите и навлаките за перници.
Затоа, најдобро е постелнината да се пере одвоено од другата облека и крпите.
Ја оставате предолго во машината за перење
Колку подолго останува во машината за перење, на постелнината се создаваат набори кои тешко ќе ги израмните. Ставајте ја во машината непосредно пред да ја вклучите и вадете ја веднаш, за да не биде изгужвана.
Користите пресилен детергент
За постелнината е доволно да користите нежен детергент и да не претерувате со количината. Во спротивно, на нејзе може да останат траги од прашокот или течниот детергент кои не се исплакнале добро.
Перете на превисока температура
Перењето и сушењето на многу високи температури може да ја растегне, изобличи, а веројатно и оштети постелнината. Веќе одамна се покажа дека е доволно да се пере и на 40 до 60 степени, така што нема потреба да ја перете на 90 степени.
Не ги перете доволно често прекривките
Иако чаршафите ги перете редовно, потребно е тоа да го правите и со ќебињата, јорганите и сличните прекривачи. Користете чаршаф-навлака за ќебињата, за да можете да го одржувате својот кревет што почист.
Е. Д. | Црнобело