На која температура треба да го држите клима уредот за да трошите помалку струја?
Клима уредите деновиве работат со полна пареа, а за жал тоа најдобро ќе го почувствуваме кога сметката ќе нè удри по џебот, на почетокот на следниот месец. Па, како да трошите помалку струја, а да се разладите?
Системот за разладување е најефективен кога работи долгорочно, а не краткотрајно на минимална температура.
Електрична енергија најдобро ќе заштедите доколку термостатот на климата ја подесите на повисока температура. Односно, разликата помеѓу надворешната температура и онаа на климата не би требало да биде повисока од 7 степени.
Според официјални податоци, клима уредите трошат 3 до 5% помалку енергија за секој степен плус на термостатот.
За максимално штедење, климата треба да работи долгорочно, но на 26 степени целзиусови.
М. Д. | Црнобело
Фото: depositphotos.com